Ќе бараме вонземјани во сенката на Земјата

earthshadow

Во последната декада, потрагата по егзопланети стана засебно и независно поле, благодарение најмногу на Кеплеровото летало на НАСА. Лансиран во 2009-тата, Кеплер наоѓа други планети во далечните галаксии на принцип на следење на светлосните читања од ѕвездите, кои се прекинати или видоизменети кога крај нив поминуваат орбитирачките планети. Ова е релативно едноставен трик кој доведе до откривање на повеќе од 10.000 светови. Некои астрономи велат дека тоа е толку логичен принцип, што треба да се однесуваме во согласност со претпоставката дека ако постојат вонземјани, тие би го користеле истиот метод за да го скенираат универзумот. Накратко, треба да ги бараме вонземјаните таму каде што тие би не барале, а тоа е во сенката на нашата планета.

Според еден извештај објавен во априлското издание на Astrobiology, треба да ја стесниме претрагата кон егзопланетите што можат да ја видат Земјата кога поминува пред Сонцето (истиот принцип од погоре). Да го разјасниме „стесниме“: се проценува дека има 10.000 ѕвезди во радиус од 3.260 светлосни години од Земјата; тоа е границата од каде што нашата орбита е видлива. Досега знаеме за 82 ѕвезди налик на сонца во оваа област, но веројатно тоа е само дел од она што навистина се наоѓа таму надвор.

Како и да е, тоа е добра појдовна точка.

Lunar_eclipse_sideview_v01

Хелер и Пудриц (авторите на извештајот) сметаат дека од сега па натаму, SETI (Search for Extraterrestrial Intelligence) проектот треба да се фокусира на потрага по сигнали од овие планети. Се работи за принципот на „изгубено дете во супермаркет“: полесно е да најдеш некој што те бара, отколку некој што не те бара. Едноставно, шансите за контакт се најголеми токму во овие соларни системи.

Идејата да се бараат вонземјани проучувајќи го транзитот на планетите не е нова, туку само една што не беше многу дискутирана низ последните неколку години. Хелер и Пудриц, темелејќи го ставот на информациите добиени од Кеплер, сметаат дека е време тоа да се смени.

Поконкретно, Хелер смета дека моментално најдобар кандидат за проучување се планетите кои орбитираат околу ѕвездата Ван Маанен – на околу 13 светлосни години оддалеченост. Тоа е воедно и ѕвездата која би имала најдобар „поглед“ кон Земјата.

- Реклама -