Борделскиот кич на германското секс-подземје

1_Germany’s-underground-brothel-scene[1]

Џаспер Вајт работи како едиторијален и комерцијален фотограф, а е познат по острото око кога се работи за доловување на суштинскиот амбиент и атмосфера на одредена сцена. Овој пат, тој е на мисија во Франкфурт, Германија, и го фотографира секс-подземјето.

Овие простории се уредувани и стилизирани од самите девојки кои ги изнајмуваат собите, во пакет со своите тела. Сето тоа е во согласност со „побарувачката“ од клиентите, па овие дел бизарни, дел кичести, дел двете – дизајни, зборуваат многу повеќе за карактерот на клиентелата отколку за самите проститутки.

2_german-brothel

Проституцијата, пак, во Германија стана легална во 2002-та, а оттогаш, отворената трговија со секс е во постојан пораст. Според Time Magazine, има околу 3.000 „ред-лајт установи“ во земјата. Се проценува дека повеќе од 1 милион мажи плаќаат за секс, дневно.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

Спротивно од сите тврдења дека легализацијата драстично ќе ги подобри условите за проститутките, многу од борделите работат по шема „сé што можеш да изе*еш“ т.е. по фиксна цена, од околу 60-тина евра. Тоа значи дека муштериите можат да имаат колку сакаат секс со проститутките, сé додека не ја надминат доделената временска граница. Тоа остава многу „работнички“ со многу мала плата, а за цели денови работа.

3_german-brothel

Од друга страна, Германија нуди дури и секс-туристички тури за мажите од целиот свет, заради што заработува многу пари, што пак привлекува сé повеќе жени на печалба во земјата, во надеж дека ќе имаат подобар живот.

Платите се далеку од фер, но сите се сложуваат дека легализацијата е подобрата варијанта. Барем проститутките се побезбедни.

4_Germany’s-underground-brothel-scene 5_german-brothel 6_Germany’s-underground-brothel-scene 7_german-brothel 8_Germany’s-underground-brothel-scene 9_german-brothel

- Реклама -