Шарли Ебдо објави награда од 1.000 евра за млади автори

Сите млади на возраст од 12 до 22, кои добро владеат со францускиот јазик и независно од тоа каде живеат, можат да станат кандидати за наградата што ја доделува најпопуларното (од повеќе причини) сатирично списание на светот – „Шарли Ебдо“.

Темата гласи „Кога би ја замениле училишната клупа со…“. „Сакаме лудост, оригиналност, несериозност“ и „необични текстови во сите облици на хуморот“, наведуваат од списанието.

dessinParticipez[1]

Текстовите можете да ги испраќате на www.leprixćarlie.fr, најдоцна до 20-ти април. Од кандидатите ќе се изврши селекција на 10 финалисти, од кои најдобрите тројца ќе бидат прогласени за победници и ќе добијат паричен износ од 1.000 евра.

Доделувањето на наградите ќе биде на 1 јуни. На страната (www.leprixćarlie.fr) ќе најдете и дополнителни податоци за конкурсот. .

Прочитајте и:  Цветиновата награда за мир доделена на СОС Детско село
- Реклама -