Сексомнија?

sexsomina

Месечарење, кошмари, јадење во сон, све тоа океј – сме чуле. Ама сексомнија?

Сексомнија е нарушување што предизвикува луѓе да пројавуваат сексуални активности – од испуштање на сексуални звуци, триење на карлицата, мастурбација или сексуален однос – додека спијат. Спаѓа под чадорот на парасомнии, т.е. нарушувања што предизвикуваат абнормално или необично однесување на нервниот систем за време на сонот.

Сексомнијата е релативно непозната за обичниот човек, а е и ново поле на истражување за научниците, кои допрва се обидуваат да разберат зошто се јавува и како да ја лекуваат. Обично, луѓето што ја имаат ја сфаќаат како необичен или настан што ги иритира, што и не е така страшно, но во екстремни случаи, сексомнијата може да доведе до сексуален напад или злоставување, или во случај на врска, било љубовна или фамилијарна – да предизвика нарушување на односите или опасност за инволвираните.

Бидејќи научниците се тазе стигнати на полево, не се знае точно колку е честа меѓу луѓето. Една студија од болница во Торонто покажува дека од 832 пациенти од нарушувања на спиењето, 7.6% се должат на сексомнија. „Процентот е веројатно помал помеѓу генералната популација“, сметаат истражувачите.

За сексомнијата нема лек, но постојат третмани со лекови, со намалување на стресот, со избегнување на депривација од сон и намалување на консумацијата на алкохол.

- Реклама -