На 7 мај 1945, Нацистичка Германија потпиша безусловна капитулација на воените сили, со што и ефективно се стави крај на Втората светска војна во Европа. Секое ширење на веста низ планетата беше проследено со масовни прослави. Од Париз, па до Лондон и Рим, во САД и Канада, луѓето излегуваа на улиците на градовите и се забавуваа како никогаш дотогаш, прославувајќи ја победата на Алијансата.
Тогаш вестите пристигнаа во Русија.
Во 1 часот по полноќ, на 9 мај 1945 година, се огласи главниот спикер на Радио Москва – Јури Левитан. „Москва зборува,“ – почна преносот, „Фашистичка Германија е уништена!“. Настана атмосфера на делириум. И покрај доцниот час, скоро цела Русија излезе на улиците во истиот момент. Од радост и избезуменост, луѓето трчаа низ Москва по пижами, а наскоро им се приклучија и амбасадите на земјите кои беа дел од Алијансата. Небото беше осветлено од рефлекторите кои дотогаш се користеа за претрага по непријателски авиони, и беше прошарано со прославувачки истрели од огнено оружје и огномет.
„Невозможно е да се опише сé што се случи на тој ден“, се сеќава еден Московјанин. „Пиевме во име на победата и во името на сите убиени, посакувајќи никогаш повеќе да не видиме таков масакр“.
До моментот кога Јосиф Сталин стигна да и се обрати на нацијата, некаде 22 часа подоцна, Русите се соочуваа со нов „проблем“: Ја имаа испиено целата залиха на водка во земјата. Еден репортер изјави: „Немаше водка во Москва на 10 мај, ја испивме целата“.