RR Phantom: Крајот на една ера

popup_705_RR-1000-7[1]

Rolls-Royce објави дека 2016 ќе биде последната година во која ќе се произведува актуелната генерација на моделот Phantom.

popup_858_RR-1000-2[1]

Паралелно со ова, од легендарната марка споделија дека оваа година ќе заврши производствена историја за Phantom Coupé и Drophead Coupé, односно тие повеќе нема да бидат воопшто монтирани. За збогување со фановите од Rolls-Royce подготвија посебна серија – Phantom Zenith, во која ќе бидат вклучени само 50 возила.

popup_133_RR-1000-3[1]

Одлуката за иднината на Phantom доаѓа откако од Rolls-Royce објавија дека компанијата напредува во работата на целосно нова алуминиумска архитектура која ќе биде основа за сите нови модели на марката од почетокот на 2018 година. Тоа едноставно обврзува да се создаде нешто ново, да се надгради и доведе на највисоко рамниште, она што го заслужуваат возилата на брендот.

popup_654_RR-1000-4 popup_339_RR-1000-1 popup_180_RR-1000-5 popup_919_RR-1000-6

Автоплус

- Реклама -