А да си останеше фудбалер?

villa3

На денешен ден пред 86 години Александр Вилаплан за прв пат ја стави капитенската лента на националниот дрес на Франција.

Неколку месеци потоа, ја одведе Франција на првото светско првенство во Уругвај. Роден во Алжир 1905, Вилаплан е првиот Африканец кој заиграл за „триколорите“. Тоа се случило далечната 1926, кога ја победуваат Белгија со 4-3. Има играно на дваесет натпревари за репрезентацијата, пред да ја стави за прв пат капитенската лента на пријателскиот натпревар со Португалија, кој го гибат со 2-0. Двата гола за Португалската репрезентација ги постигнува Хозе Мануел Соарез, млад и динамичен напаѓач, за многумина, најдобриот Португалец на сите времиња. За жал, по една година, умира од труње со храна.

Па и самиот Вилаплан има зезнат крај. По светското во Уругвај, тој ја води Франција на уште три натпревари, а во фудбалските води останува уште пет години. Раскрстува со фудбалот во 1935 година поради недоволно тренирање и скандали за местење натпревари.

Во Втората светска војна станува СС-офицер, и по неговите брутални и опортунистички методи и неколку наводни убиства, станува популарен кај нацистите. По ослобудувањето на Франција, Вилаплан е фатен и убиен на 26 Декември 1944.

vila2 viilaa4 Alexandre Villaplane

- Реклама -