Збунета еволуција

chimp[1]

Со оглед на огромниот успех во опишувањето на природниот свет, во изминатите 150 години, теоријата на еволуцијата е мошне неразбрана. Еден добар пример на не баш добар поткован аргумент за доведување на теоријата во прашање е она: „Ако човекот еволуирал од мајмун, зошто тогаш денешните мајмуни не еволуираат?“. Други ќе речат дека самиот назив „теорија на еволуцијата“ зборува дека се работи само за тоа, за теорија. А сепак, во најголемиот дел од светот, децата учат за еволуцијата уште од 10-годишна возраст, а продолжуваат да учат и во средно училиште.

Од друга страна, нема многу „обични“ луѓе што ја оспоруваат теоријата на релативитетот, или што ги преиспитуваат студиите за нејзината прифатливост. Се чини како таа тема да е оставена на оние физичарите да решат што се случува во физиката. Постојат многу студии што се обидоа да одговорат зошто добар дел од луѓето (најмногу Американци) не ја прифаќаат теоријата на еволуцијата, кога сите научници (со исклучоци) се согласни; дефинитивен одговор нема, но недоразбирањата околу теоријата се сигурно фактор:

1. Тоа е само теорија

Да, научниците ја нарекуваат „теорија“, но во контекст на добрата научна аргументираност, исто како што гравитационата теорија објаснува зошто кога нешто ќе падне – паѓа надоле, кон земјата. Не постои несигурност околу тоа дали јаболкото ќе падне на земјата, исто како што не постои несигурност околу тоа дека инсектите отпорни на антибиотици ќе продолжат да еволуираат ако не ја намалиме генералната употреба на антибиотиците.

Иако терминот „теорија“ во секојдневните разговори означува хипотеза што не мора да значи дека е докажана, тоа не е случај во речникот на науката. Научна теорија типично означува добро потковано објаснување на некој аспект од природниот свет, кој почива на закони, заклучоци и тестирани хипотези.

2. Луѓето потекнуваат од мајмуни

Не, пра-пра-прадедо ти не бил мајмун. Теоријата на еволуцијата сугерира дека имаме заеднички предци со мајмуните – меѓу живите видови, тие се нашите најблиски роднини. Луѓето и шимпанзата имаат повеќе од 90% заедничка генетичка нишка, но овој заеднички предок, кој живеел на Земјата пред околу 7 милиони години, не бил ни мајмун ни човек – туку мајмунолико суштество, за кое поновите студии покажуваат дека располагало со особини што наложувале употреба на алати.

evolucija

3. Природната селекција има зацртана цел

Има многу организми кои не се совршено адаптирани на нивната околина. На пример, ајкулите немаат воздушен меур за да ја контролираат нивната пловност, за разлика од коскестите риби. Дали ова ја побива теоријата на еволуцијата? Не. Природната селекција само произволно го фаворизира најдоброто од она што е на располагање – нема улога намерно да ги претвора сите живи организми во супер-животни.

Ќе беше супер ако луѓето можеа да прават фотосинтеза; гладта ќе беше инстантно совладана со малку стоење на сонце, а диета ќе значеше да поседиш под сенка. Но ете, генетската способност за фотосинтеза ја нема кај животните. Сепак, селекцијата на најдоброто од она што е на располагање, доведе до неверојатен диверзитет од животни форми кои се исклучително добро адаптирани на околината, и покрај тоа што не се совршени.

4. Еволуцијата не може да ги објасни комплексните органи

Чест аргумент е еволуцијата на окото: Половично развиено око нема никаква намена, па како природната селекција може да креира комплексно развиено око, чекор-по-чекор? Дарвин сугерирал дека окото би можело да потекнува од органи со различна функција. Органите што овозможувале детекција на светлина тогаш би можеле да бидат фаворизирани од природната селекција, дури и ако не овозможувале целосен вид. Овие идеи се докажани многу години подоцна, од научници што прочуваа примитивни светлосно-сензорни органи кај животните. Кај мекотелите, како полжавите и прстенестите црви, по површината на телото има распоредено клетки кои насетуваат светлина и можат да разликуваат светлина од темнина.

5. Религијата не е компатибилна со еволуцијата

Важно е да се објасни дека еволуцијата не е теорија за тоа како настанал животот. Тоа е теорија која објаснува како видовите се менуваат со текот на времето. Спротивно на популарното мислење, постои многу мал конфликт помеѓу еволуцијата и најголемиот дел од религиите. Дури и папата Францис неодамна потсети дека еволуцијата не е инкомпатибилна со католичката вера.

- Реклама -