Волан:Блог за стари Скопјани

skopje_staroИако според стастистичките податоци блогирањето е алатка и медиум на
помладите, сепак постојат и многу ’постари’ сурфери кои на своите
блогови дискутираат за темите кои ја тангираат оваа демографска група.
Поради неговата сеопфатност и емпириска анализа, Александар е еден од
оние средновечни скопјани чии интереси и бројни написи не останаа
незабележани во македонската блогосферата.


aleksandarИако според стастистичките податоци блогирањето е алатка и медиум на помладите, сепак постојат и многу ’постари’ сурфери кои на своите блогови дискутираат за темите кои ја тангираат оваа демографска група. Поради неговата сеопфатност и емпириска анализа, Александар е еден од оние средновечни скопјани чии интереси и бројни написи не останаа незабележани во македонската блогосферата.

Во еден свој пост тој вели:

Сите Скопјани го носат во својата душа својот град … градот во кој се родени … градот во кој го имаат поминато детството … градот кој им носи спомени од првите детски игри … градот во кој ги поминале првите школски денови … првите љубовни случувања … првото корзо … градот во кој живеат … градот во кој го изродија и пораснаа своето поколение … градот во кој се коските на нивните предци …Заради сево ова Скопјани го сакаат Скопје

Иако неговите интереси се околу Скопје, археологијата, црквите и манастирите, на сајтот ќе прочитате и за актуелни политички збиднувања во Македонија со негово видување и реакции на читателите преку коментари.

Интересен сајт за историјата на старо Скопје од почеток до денес на кој наидовме, а би сакале и ние да ви го предложиме се наоѓа на skyscrapercity.com. Галеријата дефинитивно вреди да се погледне, бидејќи содржи многу(многу како 200) ретки фотографии од Скопје кое некогаш постоело.

Патем, погледнете го и ова десетминутно видео за старо Скопје по препорака на „Волан“.

пред земјотресот – по земјотресот – по поплавата

{youtube}qkeixJAVT80{/youtube}

Иако Александар дефинитивно не е најстариот блогер на светот, тој со сигурност е еден од најплодоносните(всушност prolific е вистинскиот опис) автори во македонската блогосфера.

Му посакуваме уште многу години успешно пишување и искрено се надеваме дека еден ден на 365.com.mk ќе објавиме сторија со наслов: Волан – Најстариот блогер на светот.

[volanskopje.blog.com.mk]

- Реклама -