Дрим-тимот ја прегази Нигерија со 83 поени разлика (видео)

Кошаркарите на САД, популарниот „дрим-тим“ почна да урива рекорди на ОИ во Лондон. Последна жртва беше Нигерија која е совладана со 83 поени разлика (156:73).

Кошаркарите од НБА лигата им приредија вистинско шоу на фановите во Лондон, а урнаа и неколку олимписки рекорди. Така на пример, сега Леброн, Коби и останатите го држат и рекордот за најмногу постигнати кошеви во една четвртина (49), најмногу постигнати тројки на меч (29). Кармело Ентони сега го држи индивидуалниот рекорд за најмногу постигнати поени на олимписки меч во кошарка (37), кои ги постигна за само 14 минути игра.

Досегашниот рекорд за најмногу постигнати поени на едне меч од ОИ беше во сопственост на кошаркарите на Бразил, кои на ОИ во Сеул 1988 година постигнаа 138 поени на мечот против Египет.

Прочитајте и:  Фарел Вилијамс: Не сакам познатите да ми кажуваат за кого да гласам

Претходно, Шпанија многу потешко од очекувањата ја совлада Велика Британија со 79:78, а Русија исто така само со еден поен разлика го совлада Бразил (75:74), а Австралија беше надмоќна над Кина (81:61). Франција го зема скалпот на Литванија (82:74), додека Аргентина лесно го совлада Тунис (92:69).

- Реклама -