Историјата на модерните онлајн тестови на личноста

how-career-personality-test[1]

Дали ѕвонењето на телефонот ти предизвикува задоволство? Дали сакаш слики со чувство на а) лебдење нагоре? б) блискост до земјата?

Не ви се јасни прашањава? Во тој случај немало многу многу да ви се допаѓаат историските тестови на личноста.

Симплифицирање на комплексните идеи

Овој вид на „психометрични инструменти“ (стручен израз) се појавиле во раниот 20-ти век, како начин на мерење на „интелигенција“. Првично создадена со намена да им асистира на француските ученици, Бинет-Симон скалата беше земена од еден психолог на Стенфорд и објавена во САД (1916 год.) како Стенфорд-Бинет тест, тест кој доделуваше скор изразен во коефициент на интелигенција т.е. IQ.

Ова го означи почетокот на трендот на обиди да се симплифицираат и стандардизираат комплицираните идеи: по можност, во броеви. Првата светска војна послужи како плодна почва за психолошките пристапи да се покажат како значајни, од третманите на воени шокови па до скрининг на регрути во потрага по лидерски способности.

Во меѓувоениот период, психологијата наиде на поширока прифатеност помеѓу елитните едуцирани класи, но претежно во психоаналитичкото поле: долги, опширни, детални и персонализирани анализи.

AAEAAQAAAAAAAALYAAAAJDg5YWI2ZWJmLWJiOGItNDNhYy05ZDIxLWZhOWY5Zjg4YjU5Mg[1]

Персоналноста на штиклирањето

Сепак, некои психолози одбиваа да ја прифатат идејата дека човечкиот ум е Фројдовски хаос од фантазија, кастрација и инцест, пристапен само преку долги и скапи анализи. Наместо тоа, тие резонираа дека умот мора да има барем неколку мерливи карактеристики што можат да се споредуваат со другите. Таквите се стремеа истото да го спроведат на многу поголем „репрезентативен примерок“ од оној што беше остварлив преку долгата класична терапија со психоанализа. Психолози како Греј и Вилврајт, или мајката и ќерката Кетрин Бригс и Изобел Мајерс, се посветија на тоа да ја имплементираат Јунговата анализа на „типовите“, во сет од прашања со повеќе понудени одговори.

И ова било дел од обидот да се воспостави психологијата како наука. Психолошките лаборатории веќе некое време биле опремени со инструменти за прецизно мерење на времето на реакција или инструменти за нанесување на прецизни стимули, како средство за изземање на личното и субјективното надвор од психолошката проценка. Фактот што таквите експерименти, како и новите тестови на личноста, продуцирале резултати во форма на бројки – значел дека истите ќе можат да бидат обработувани во новите и престижни лаборатории за пресметки во пост-воениот свет.

И така, почнува трендот на редуцирање на личноста на неколку варијабилни бројки. Греј и Вилврајт, на пример, работеле на модел од три скали, со спротивни карактерни особини на секој крај. „Интроверзија-екстроверзија“ го означувало „генералниот став“ на личноста. „Интуиција“ или „сензација“ карактеризирало како личноста го перцепира светот, а „мислење“ и „чувствување“ означувале како анкетираниот ја проценува и вреднува таа перцепција.

choice-a-or-b2[1]

Фини хотелски лобија

Тестовите од ваков тип подлежат на критика од многу аспекти, меѓу другото и дека при желбата да се изведат бројки за полесна (денес – компјутерска) пресметка и споредба, се губи менталниот феномен кој се обидуваат да го доловат. Други ќе речат дека овие тестови не проценуваат каков е некој, туку каков тој некој мисли дека е – дрдорко што за себе мисли дека е добар слушател, на пример. Модерните верзии на овие видови на тестови се насекаде. Во бизнисот уште се користи модернизираниот Мајерс-Бригс тест (најмногу од страна на менаџерите) за да се утврдат потенцијалните перформански при тим-билдинг екскурзиите. И секако, примамливите ветувања дека „со само неколку клика“ онлајн, ќе ја дознаете својата вистинска, внатрешна личност.

Она што е исто така интересно кај овие тестови е културолошката нишка. На пример, еден тест за интровертност-екстровертност прашува: „Дали ти се допаѓа да разговараш со продавачи, фризери, портири и сл.?“, и притоа наивно претпоставува дека тој што го прави тестот не е еден од тие што продаваат, отвараат врати или шишаат коса. Друг пример е прашањето: „Кога би се нашле во ситуација да чекате во хотел со две лобија, секое во добар стил, но со различни бои, во кое би одбрале да чекате: (а) Сино (б) црвено?“, во кое акцентот е ставен на „стилско“.

Фората е, што во различно време и на различно место, луѓето ќе пријават различни нешта, а одредени избори зависат и од степенот на анонимност. Подлабоката поента е дека она што го чувствуваме, и начините на кои го чувствуваме, се менуваат со времето, а и со самото познавање на механизмите преку кои чувствуваме.

- Реклама -