Женева 2016: Премиера за хибридниот Lexus LC 500h

309_Lexus-1000-1[1]

Lexus ги понуди првите детали за своето учество на годинашниов меѓународен салон во Женева, на почетокот на следниот месец.

843_Lexus-1000-2[1]На штандот на Lexus ќе се одржи светската премиера на хибридната верзија на новото купе LC што дебитираше за време на салонот во Детроит минатиот месец. Новиот Lexus LC 500h ќе биде претставен со хибриден погонски систем од новата генерација – Lexus Multi Stage Hybrid, кој според компанијата ветува подобрени перформанси, зголемено задоволство од управувањето и поголема ефикасност.

852_Lexus-1000-3[1]Во Женева, Lexus ќе го претстави за прв пат во Европа и концептниот LF-FC, претставен минатата година на салонот во Токио кој демонстрира како би изгледал еден целосно нов предводник на марката, опремен со водороден погонски систем.

Автоплус

- Реклама -