Зошто просечниот Американец не сака да купи куќа или стан

real-estate-agent-website-designers

Достапноста на куќите во САД е далеку подобра од онаа кај нас. Меѓу другото, месечните рати за хипотекарни кредити за просечниот имот во САД се пониски од месечните кирии. А сепак, Американците не се особено ентузијасти за купување имот.

Истражувањата покажуваат дека во САД, од финансиска гледна точка, купување на недвижен имот станува финансиски поисплатливо по само првите три години. Купувањето на имот води до зголемување на финансиската состојба за 15 до 20.000 долари по првите три години, во споредба со животот во изнајмен стан. А сепак, над една третина од луѓето без имот велат дека не ни сакаат да купат имот.

Која е причината што Американците не сакаат да купат имот?

Малку чудно на прв поглед, но луѓето со високо образование и со примања над 50.000 долари, доминираат во групата на оние што преферираат да плаќаат кирија.

„Не е изненадувачки што голем дел од луѓето на работоспособна возраст не сакаат да купат имот. Изнајмувањето на имот им дава многу поголема мобилност и слобода“, коментира Холден Луис, специјалист за хипотекарни кредити во Bankrate.

Следно, хипотекарната криза им покажа на Американците дека цените на недвижностите не се движат само нагоре, а инвестициите во имот знаат да донесат и сериозни загуби.

housing-market-crash[1]

Развиениот пазар на недвижности во САД покажа дека на долг рок носи повеќе приход, во споредба со оној на инфлацијата. Дополнително, Американците многу повеќе преферираат други форми на инвестиции, со повисок приход.

Не е случајно што над половина од американските семејства имаат инвестиции на берзите, со оглед на просечниот поврат на инвестицијата на долг рок, од над 9% годишно.

А од друга страна, вистината е дека Американците не сакаат да се занимаваат со сите тие детали поврзани со сопственоста на имотот. Ова вклучува плаќање даноци, поправки и секакви други активности што произлегуваат од имањето на своја сопствена куќа.

Роберт Шилер, нобеловец по економија, најдобро го доловува доминантниот мајндсет на просечниот жител на САД: „Дали навистина сакате да купите имот? Тоа е како да имате бебе. Постојано ќе се грижите. Дали нешто ќе се скрши, дали има потреба од поправка, дали домот ќе ви биде нападнат од термити, дали ќе има бура и ќе треба да се поправи покривот… Ќе треба да го кречите, да го одржувате…”

- Реклама -