Седум најголеми шминкерски грешки (и како да ги избегнете)

Сите сме направиле повеќе грешки во изгледот низ текот на годините, но изгледа дека не сме единствените. И покрај тоа што ги имаат најгламурозните козметички средства и шминки на располагање, многу познати личности, сепак, успеваат да се „сопнат“ на патот и често да изгледаат катастрофално.

Иако се веќе секојдневие, прочитајте ги овие седум од многуте грешки кои често ги прават познатите. Проверете што се случува кога погрешно ќе нанесете шминка и не дозволувајте некогаш да ви се случи истото.

1. Грешка: Несоодветно вклопена шминка

Сторител: Лејтон Мистер

Замислете си комбинација на црвени и виолетови модни додатоци, црвен кармин и модросина сенка, и сето тоа да изгледа вкусно. Невозможно е! Навистина, дури ниту речиси секогаш симпатичната (и беспрекорна) Лејтон Мистер не може да се извлече од овој незгоден, амбициозен изглед.

Поправка: Основното козметичко правило е, доколу сакате драматично нашминкани очи, доволен е обичен сјај за усните, и обратно. Кога на усните ќе ставите жар црвен кармин, не ви е потребно ништо повеќе од неколку слоеви маскара за идложување.

2. Грешка: Премногу сјајна кожа

Сторител: Анџелина Џоли

Свежиот изглед е често посакуван, но целосно разлиена експлозија од сјај само може да го направи вашето лице да изгледа неверојатно масно.

Поправка: Лабаво посипување на проѕирен прав на Т-зоната, образите и брадата ќе го задржи мат изгледот од течната пудра, и ќе го зачува свеж во текот на целиот ден. Или, пак, секогаш во чантата имајте козметички марамчиња и дискретно отстранете го вишокот масен сјај кога ќе почувствувате дека има потреба од тоа.

3. Грешка: Катастрофален коректор

Сторител: Таражи Хенсон

Кога станува збор за светликавата пудра, таа е дефинитивно меч со две острици. Нанесете премалку, и кожата ќе изгледа масно. Нанесете премногу, и шансите да изгледате како Каспер (или Таражи на фотографијата) се огромни. А во случајот никако нема да помогне премногу светол коректор.

Поправка: Мошне лесно е несакајќи да нанесете премногу пудра, па затоа пред да ставите на лицето, нежно истресете ја четкичката на страна за вишокот пудра да се отстрани од влакната оставајќи онолку колку што е потребно. И не го земајте предвид она старо правило дека коректорот треба да е неколку нијанси посветол од вашиот тен – сепак ви треба прикривање кое ќе одговара со тенот, а не бледа маска околу очите.

4. Грешка: Одвај видливи веѓи

Сторител: Малин Акерман

Веѓите се рамката на лицето и се вистински шлаг на тортата, па дури прекрасната насмевка на Малин Акерман не може да го одвлече вниманието од фактот дека нејзините веѓи се одвај забележливи. Како што може да се види, веѓите изгледаат премногу тенко и се поминати со молив, што дефинитивно влијае на нејзиниот целокопен изглед.

Поправка: Кога веѓите се премногу ретки, по нанесувањето пудра или гел, за да изгледаат природно, поминете ги со молив со кратки, брзи потези наместо старомодното цртање на веѓи со долги, континуирани линии.

5. Грешка: Нападно руменило

Сторител: Кејт Мидлтон

Кога носите руменило, идејата е да изгледате природно заруменети, како штотуку да сте се бакнале. Изгледа овој спомен исчезнал од мемориите на Кејт Мидлтон, па нејзините образи изгледаат како да имала сесија на долги бакнежи во тоалетот.

Поправка: Имајте на ум дека полесно е да додадете шминка отколку да го отстраните вишокот. Како и да е, ако сфатите дека сте нанеле премногу руменило, додадете малку пудра во прав за да се изедначи бојата.

6. Грешка: Прекумерно количество на молив за очи

Сторител: Никол Ричи

Не можеме да ја обвиниме Никол за ова. Тешко кој од нас од првиот пат успеал да го постигне ефектот на „зачадени очи“ (смокѕ еѕес), затоа што задолжително завршувал со премногу молив на очите. Најголемиот проблем во овој случај е тоа што е нанесено премногу темна сенка и молив под очите, со што погледот визуелно делува спуштен надоли, а Никол изгледа поспано.

Поправка: Нанесете светликаво моливче со неутрална боја во пределот околу очите. Употребете го за да ги дефинира контурите на очите и да изгледаат посветли и поголеми.

7. Грешка: Премногу бронзен тен

Сторител: Ким Кардашиан

Ким веќе има природно прекрасен тен, но со преголемата количина од овој бронзен сјај ги покрива сите природни атрибути кои ги поседува и изгледа вештачки.

Поправка: Бронзениот тен е наменет за да се потенцираат контурите на лицето, и додава фин сјај на исончана кожа. Наместо прекумерно натрупување низ целото лице, нанесете само на на испапчените делови, како јаболчниците, носот и брадата. И, се разбира, не заборавајте добро да ја искомбинирате бојата за да не изгледате како да сте излегле од видео спот од 80-тите. [7 Epic Beauty Blunders (& How To Avoid Them!)]

- Реклама -