16-годишникот што ја хакна Америка

hakeri[1]

Најголемите експерти за IT безбедност во САД беа убедени дека брзо ќе го решат случајот на хакирање на профилот на директорот на CIA и DHS, ама сепак, истрагата се покажа потешка од планираното и траеше неколку месеци. Згора на тоа, трагата ги одведе во правец што тешко дека го предвидоа.

Во последните неколку месеци, на удар на хакерите се најде шефот на CIA, Министерството за безбедност, Белата куќа и FBI. Хакерите успешно се докачија до бројни мејлови и приватни податоци од серверите. Нападите не беа само опасни по американските тајни служби, туку и голем срам за CIA и FBI, по што во истрагата и потрагата по хакерите се вклучија и најголемите експерти за сајбер безбедност.

Според информациите на Си-Ен-Ен, дури по неколкумесечна потрага конечно е уапсено едно лице од Англија, за кое се верува дека стои зад западите. Изненадување! Се работи за 16-годишен „бубалица“,  кој наводно досега фантастично ги покривал трагите. Во хакерските кругови е познат како „Crackа“, а стои на чело на хакерската група позната како “Crackas With Attitude” (CWA), која превзема одговорност за дел од споменатите напади.

Motherboard разговараше со тинејџерот во средата. Тој е пуштен на условна слобода, откако во вторникот поминал седум часа во притвор и одбил да разговара со истражителот. Иако му биле одземени сите електронски уреди, тој веќе во средата навечер најде начин да комуницира преку интернет.

„Невин сум додека не се докаже кривицата, па немам причини за грижа“, рече тој за Motherboard, макар што ги обвини FBI и англиската полиција дека му го „уништуваат животот“.

Хакерите од CWA, пак, со кои разговараше Motherboard, велат дека апсењето на два нивни члена (на почетокот на неделата полицијата разговараше со уште еден припадник на групата) нема да ги запре, туку дека ќе продолжат со уште пожестоки напади. Исто така, тие се сомневаат дека Cracka е уапсен затоа што некој го издал, што може да значи дека полицијата наскоро ќе тропне и на нивната врата.

- Реклама -