Францускиот писател и филозоф Албер Ками е еден од најзначајните претставници на француската и светската литература на 20 век.
Бунтовен и познат како „осаменик“ тој активно учествува во политичките настани на своето време не само со перото, туку и преку низа непосредни активности. Меѓу неговите најпознати дела се ” Странецот “, “Падот”, ” Чумата “, “Митот за Сизиф” .
Во 1957 година Албер Ками ја добива Нобеловата награда за литература “за неговото значајно книжевно творештво, кое со инсајдерска сериозност ги осветлува проблемите на човечката свест во денешните времиња”.
Ками умира во сообраќајна несреќа во 1960 година на 46-годишна возраст.
„Ками бил осамен во разбирањата и идеите“, вели еден од неговите истражувачи, „но на некој начин сега тој излегува победник и докажува дека е во право. Тој е многу повеќе филозоф на сегашноста, отколку на минатото.“
Пренесуваме неколку мисли на францускиот писател, кои го потврдуваат тоа.
1. Ние сме создадени да креираме, да сакаме, да победуваме – што значи дека сме создадени да живееме во мир, но војната нè тера да го загубиме сето тоа и да се претвориме во нешто што не сме.
2. Животот секоја минута крие во себе чудо и вечна младост.
3. Секој живот посветен на правење пари, е смрт.
4. Не е точно дека срцето старее, само телото ја создава оваа илузија.
5. Генијалноста може да биде само една минлива шанса. Само работата и волјата можат да ѝ дадат живот и да ја претворат во слава.
6. Ако постои грев против животот, можеби тоа не е очајот, туку надежта за друг живот и занемарувањето на неумоливото величие на овој живот.
7. Кога религијата се соединува со политиката, се раѓа инквизицијата.
8. Оној кој ништо не дава, тој нема ништо. Најголемата несреќа не е во тоа што не те сакаат, туку во тоа што ти самиот не се сакаш.
9. Подобро да си слободен човек, отколку богат роб – се разбира, луѓето сакаат да бидат богати и слободни, па затоа понекогаш стануваат сиромашни робови.
10. Неизбежно е само едно нешто – смртта. Во генералниот простор кој го одделува раѓањето од смртта, нема ништо предодредено – сè може да се промени, може дури да се запре војната и да живееш во мир, ако го сакаш тоа како што треба – многу силно и долготрајно.
11. Вечното искушение против кое постојано водам исцрпувачка борба е цинизмот.
12. Сите модерни револуции довеле до зајакнување на моќта на државата.
13. Единствениот начин да се справиш со недостатокот на слобода во светот е да станеш апсолутно слободен, па самото твое постоење да биде своевиден бунт.
14. Што е среќата, ако не проста хармонија помеѓу човекот и животот.
15. Интегритетот нема потреба од правила.
16. Животот е количината на сите твои избори.
17. Оние кои немаат доволно храброст, секогаш ќе наоѓаат филозофија со која ќе се оправдуваат.
18. Човекот е единственото суштество кое одбива да биде она што е.