Титаник II

Репликата на потонатиот “Титаник”,  ќе го направи своето прво пловење во 2018 година, соопшти австралискиот милијардер Клајв Палмер, чија што компанија Blue Star Line се појавува како спроведувач на проектот.

Titanik1 Titanik2

Новиот брод ќе биде со должина од 270 метри и висина од 53 метри. Широчината на Титаник 2,  ќе е за речиси 4 метри повеќе од познатата. Бродот ќе располага со 840 кабини, во кои ќе можат да бидат сместени 2.400 патници и 900 членови на екипажот.

Titanik3 Titanik4

Се очекува при своето прво пловење Титаник 2 да замине од источната кинеска покраина Jiangsu и да се насочи кон Дубаи. Уште нема конкретни информации за цената на билетите за пловењето, но богаташите се подготвени да платат по 900 илјади долари за место во првата класа. Изградбата на репликата на Титаник се очекува да чини околу 434 милиони долари.

Titanik5 Titanik6

Потсетуваме дека бродоломот на Титаник е најголемата катастрофа по бројност на жртвите во историјата на бродовите, откако од 2207 лица се спасија само 705.

- Реклама -