Smart наскоро ќе започне со продажба на Smart ebike

Ова е новиот електричен велосипед на Smart кој има 26 инчни тркала и е достапен во две бои: кристално бела и енергетско зелена.

Smart, компанија во сопственост на Мерцедес, го претставува велосипедот, кој тежи 26 килограми, како хибридно возило. Гери Севиџ, управен директор во Mercedes-Benz Cars, изјавил: „По успехот на smart electric drive, Smart ebike е природен чекор напред за компанијата и ги претставува вредностите на брендот овозможувајќи забавен, ефикасен индивидуален транспорт.

Велосипедот е опремен со BinoX контролниот панел кој ја прикажува, помеѓу други работи, состојбата на батеријата, поминатото растојание, должината на планираното патување и времето. Компанијата тврди дека портабилната литиум јонска батерија од 432 Wh може да овозможи патувања од речиси 100 километри.

{youtube}ocKXUyrSOr0{/youtube}

Велосипедот може да ја надополни својата батерија секој пат кога корисникот ќе притисне на сопирачката. А USB портот овозможува да ги полните своите мобилни направи додека возите. Сепак цената од 3167 евра за Smart ebike – цена која опфаќа и две годишна гаранција – најверојатно ќе го ограничи бројот на купувачи. [Smart ebike: mobility on two wheels]

- Реклама -