Дизни и Јуниверзал си ги мерат

johnny-depp-invisible-man[1]

Џони Деп потпиша договор дека ќе го игра „Невидливиот човек“ во римејкот на култниот хорор филм од првата половина на 20-от век. Проектот е дел од планот на филмското студио Unversal, кое сака на големото платно да врати најголем дел од старите култни хорори.

Во моментов, пак, Том Круз снима нова верзија на „Мумија“, која ќе стигне во кината веќе следната година. Тимот продуценти напорно работи и на тоа да ја ангажира Анџелина Џоли за улогата на Франкенштајновата невеста, а се планира и снимање на филмови за Франкенштајн, Дракула и многу други познати антагонисти од класичните готски приказни.

Ова не е прв ваков обид. Оживувањето на старите хорор филмови беше испробано неколку пати. Да го земеме примерот на „Невидливиот човек“, кој два пати беше оживуван: во верзијата на Карпентер – Memoirs of an Invisible Man (1992), играше Чеви Чејс, а во верзијата на Верховен – Hollow Man (2000) – Кевин Бејкон. И двата обида неславно пропадна.

Ќе видиме колку квалитет ќе произлезе од сето ова, особено што во филмскиот бизнис потегов на Universal е прочитан како буквар – храбар и очекуван обид преку снимање на хорор класики да се запре доминацијата на Дизни, со саги како приказната за јунаците на Марвел и Војна на ѕвездите.

- Реклама -