Компактен Jaguar за неколку години?!

664_Jaguar-1000-1

Ќе треба да почекаме уште неколку години додека не се појави компактниот модел на Jaguar, кој ќе биде директен ривал на Audi A3 и А-класа на Mercedes.

До неодамна се сметаше дека тоа може да се случи прилично брзо и луксузната британска марка да се здобие со модел позициониран веднаш под XE, но сепак за ова ќе мора да почекаме малку повеќе?!

951_Jaguar-470-2

„Во моментов трендот на луксузните марки да наметнуваат компактни модели е многу силен и тоа се покажува како добар потег, едноставно носи добри резултати“, објаснува директорот на Jaguar, Метју Визнер. „Кај нас сепак таков модел сеуште не е присутен во нашата палета, не дека не размислуваме на ова, но засега имаме други поважни работи, а оваа ќе почека до крајот на оваа деценија.”

Прочитајте и:  Започнува нова ера: познатиот бренд Јагуар најави концепт за декември

152_Jaguar-470-3

Сепак, Визнер призна дека постојат варијанти и побрзо појавата да видиме компактен Jaguar, но секоја од нив е премногу компромисна, за да добие одобрение од шефовите на компанијата.

Првата е компактниот модел да добие варијанта на платформата iQ на Jaguar Land Rover, но така изведбата ќе биде многу скапа и тешко ќе се бори со достапните ривали. Втората можност е компактниот модел да биде изграден на платформа со преден погон, но Визнер е на мислење дека тоа „нема да биде вистински Jaguar”.

Во соработка со Автоплус

- Реклама -