Имаше повеќе од 50 загинати во првата експлозија, десет дена по пожарот поради кој беа евакуирани 350.000 жители. Речиси еден милион луѓе, колоквијално наречени ликвидатори, помагаа со цел да се намалат последиците од инцидентот. Половина од нив починале, а животниот век на прeживеаните е бајаги пократок.
Кога се случи нуклеарната катастрофа во Чернобил во април 1986 година, се велеше дека во оваа област нема да биде дозволено да се живее во следните 40.000 години. Иако сé уште има луѓе кои живеат релативно блиску и не сакаат да ги напуштат своите домови, се вели дека останувањето во деловите во близина на Чернобил е еднакво на потпишување на сопствената смртна пресуда.
Или можеби не.
(Hit the Road), здружение на паркураши составено од четворица млади фриранери од Париз, минатото лето отпатува во оваа област, во срцето на нуклеарната централа. „Сакавме да видиме со свои очи како природата ги колонизираше урбаните простори кои ги знаеме само од фотографиите и од она што сме го прочитале“, изјави еден од членовите на групата.
Дума ја основал оваа фриран дружба во 2012 година, заедно со Ник Матје и Пол РБД. Две години подоцна им се придружи Лао Урбан.
Пред да тргнат кон градот на духовите, паркурашите го посетија Киев за да се сретнат со “trakeurims”, како што во Украина ги нарекуваат паркуристите и фриранерите.
За време на престојот во главниот град, тие бараа напуштени бункери. „Таму ги пронајдовме заштитните одела и маските кои ги земавме со себе во забранетата зона“, вели Нико. Зборува за една од маските која изгледа како реквизит од холивудски филм. „Сите се од времето на Студената војна, во случај да има нуклеарен напад. Ги пронајдовме во запечатени кутии, сé беше сосема ново“.
Во Киев се сретнуваат со еден човек кој исто така беше заинтересиран за урбано истражување и досега бил во Ченобил три или четири пати, каде стасал со помош на GPS.
„Тој го знаеше патот и каде се наоѓаат полициските контроли со цел да ги избегнеме“, објаснува Пол. Има многу воено контролни пунктови околу нуклеарката со кои се спречува пристап до забранетата зона. Оние што ќе го прекршат законот се испраќаат во затвор без судење.
„Се возевме од Киев до местото што е оддалечено околу 15 километри од контролниот пункт. Тогаш се провлековме низ една дупка во оградата и почнавме да пешачиме“, вели Лео. Правата ноќ одевме дванаесет часа.
Во електраната сé уште се работи на изолацијата на пукнатиот саркофаг, со висок ризик од изложеност на радијација, поради што се воведени воени патроли и забрана за пристап за цивилите.
Со цел да ги избегнеме стражарите моравме да пројдеме низ високо-радиоактивната област. Не ни беше сéедно, признава Клемен. „Лео се исече на раката. Кога го измеривме степенот на радиоактивност на Гајдеровиот бројач сфативме дека е многу висок.“ Некои од растенијата кои ги дофатиле, биле 14 пати порадиоактивни од дозволеното.
Бевме мртви уморни, паркурот ни беше во втор план.
По патот од Париз до Чернобил, дечкиве сфаќаат дека оваа област е буквално недопрена. Сé изгледа како што било некогаш, семејствата кои живееле тука, никогаш нема да се вратат, комунистичките симболи се насекаде.
„Мислев дека поминале векови од тогаш, всушност станува збор за точно 30 години.“