Трагичната судбина на првата американска супермоделка

nesbit

Трагедијата секогаш си го наоѓа патот. И пред околу 100-тина години, работите не биле многу поинакви. Доказ: тажната сторија на раната супермоделка – Евелин Несбит.

Несбит била родена на Божиќ, во 1884-тата. Првата деценија од животот ја поминала во комфор и удобство, но кога наполнила 11 години, татко и ненадејно умрел, оставајќи го семејството во сериозни финансиски проблеми. За да и помогне на мајка си да го издржува семејството, почнува да работи како уметнички модел на возраст од 14 години. Пред да наполни 16 години, нејзината мајка го преселила семејството од Филаделфија во Њујорк Сити, а Несбит влегла во поплатените, но повалкани кругови на хорските девојки на Бродвеј.

xlyttfxneiqxhg7es058[1]Набрзо, Несбит му паднала во очи на богатиот 47-годишен архитект Сенфорд Вајт, кој се опседнал со тинејџерката дури до степен на морничавост. Вајт се посветил на тоа да ја освои мајката на Несбит, се разбира – помагајќи ја финансиски, со цел да може да ја гледа Несбит насамо. Иако Евелин никогаш не се чувствувала удобно покрај Вајт, нејзината мајка побарала од него да ја чува и придружува ќерка и кога таа морала да патува. Изненадување? Не. Вајт сексуалнот ја нападнал 16-годишничката во првата прилика што ја имал.

За Евелин тоа е само почетокот на трагедијата. Иако на нејзиниот шарм паѓале многу додворувачи, меѓу кои и актерот Џон Баримор, Евелин завршила во сериозна врска со Хери К. Тау, наследник на железница и големо богатство. Ама Хери го биела лоша репутација дека често го менува расположението, па не било изненадување кога насилно се опседнал со сексуалната историја на Несбит. Кога таа конечно признала дека не е девица (бидејќи била силувана од 50-годишен човек кога имала само 16), наводно Хери ја чувал како затвореник цели две седмици, тепајќи ја и силувајќи ја.

qbcuwkfb2t9svqhpthsk[1]И покрај „несреќниот амбиент“ во нивната врска, Несбит и Тау се венчале во април 1905-тата. Ама посесивноста на Хери продолжила да расте. Најпрво ја приморал да се откаже од актерството и кариерата на модел, а потоа, во 1906-тата, ја застрелал и убил сопругата на Сенфорд, сред преполн театар во Њујорк Сити.

Убиството инстантно ги исполни таблоидите, а весниците го нарекоа случајот „судењето на векот“, иако векот беше само 6 години стар. Откако првото судење беше прогласено за неважечко заради неедногласна порота, во второто Тау успеа да „докаже“ дека не е виновен, бранејќи се со привремено лудило. Помина неколку години во удобна ментална болница, а потоа беше ослобден (со тоа што ќе продолжи да се влегува и излегува од ментални болници сé до крајот на животот).

По долги години разделеност, Несбит конечно се разведе, во 1915-та, и тргна во нов шоу-бизнис подвиг, овој пат во филмот. Заради озлогласеноста околу нејзиното име, таа наиде на просечен и краткотраен успех на големото платно.

rovz3f54nlamls7chi5y[1]Откако конечно спласна скандалот, се случија 20-тите и Големата Депресија во Америка. Времињата беа груби за убавицата, која зацапа во светот на дрогите и душевните проблеми, што исто така значеше и дека се мачи да задржи постојана работа. Во 1939-тата, на еден репортер му изјави: „Посакувам да бев стриптизерка. Немаше да се мачам да носам толку многу облека. Имам мајка за издржување… Би работела и како овчарка, ако морам“.

Како што старееше, така добиваше сé повеќе анонимност. На крајот, Несбит застана на нозе и почна да живее удобен живот (со своите три мачки). За време на Втората светска војна, се посвети на уметноста. Предаваше керамика и скулптура, кои ги имаше изучувано уште на рана возраст кога нејзиниот сценски живот ги плаќаше сметките.

Незината приказна беше одново и одново раскажувана, толку многу пати, што Несбит ќе рече: „Смачено ми е веќе од сето тоа преповторување… Стани Вајт беше убиена, ама мојата судбина беше полоша. Јас живеев“.

Несбит имаше мирна смрт во 1967-мата, на 82-годишна возраст. Во Њујорк Тајмс беше објавен некролог на цели две страници. Главниот фокус на текстот? Убиството на сопругата на Вајт.

- Реклама -