Манџи ли се, свастики ли се?

1056306-11-20160205105418[1]

И додека Јапонија се спрема за Олимписките игри во Токио во 2020-тата и пречекува сé поголем прилив на странски туристи, земјата се наоѓа пред културна дилема: треба ли да запре да ги идентификува будистичките храмови на мапите со традиционалните „манџи“ симбол?

„Манџи“ потекнува од древниот Санскрит и означува среќа и просперитет. Хиндусите и Будистите го користат со векови. Сепак, за странските туристи, најмногу за оние од западот, „манџи“ не значи ништо друго освен нацистичкиот симбол „свастика“, па гостите го асоцираат со анти-семитизам и Холокаустот. А всушност, тие што барем нешто знаат за свастиката, е дека е „украдена“ од страна на нацистите, со цел да се промовира чувството дека Нацистичка Германија има древно потекло. Јапонскиот „манџи“, пак, е дури и различен од германскиот кукаст крст – свртен е во правец обратен од движењето на стрелките на часовникот т.е. во спротивен правец од свастиката.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

1056303-11-20160205105510[1]

Во минатомесечниот извештај, базиран врз анкета на повеќе од 1.000 странски посетители, владиниот панел предложи свастиката да биде заменета со симбол на трикатна пагода. Тоа е еден од 18-те предложени симболи за поважни објекти и е дел од кампањата за „пријателски“ прилагодени мапи за иминентната навала на туристи (лани, бројката на посетители порасна за цели 40%). Финалната одлука се очекува да биде донесена кон крајот на март. Јапонската главна будистичка груба е безмалку нон-шалантна, затоа што промената не се однесува на мапите за домашна употреба и нема да ја промени перцепцијата што Јапонците ја имаат кон симболот. Од друга страна, јавното мислење е прилично поделено – противниците на идејата аргументираат дека симболот треба да биде зачуван, како начин луѓето да го научат вистинското значење и древната историја зад „кукастиот крст“.

- Реклама -