Нашите беќарчиња, тргнаа по белиот свет да си бараат невести. Албанки, Украинки,Русинки да ги воспитуваат нашите идни деца. И не гледам во тоа ништо лошо. Подобро ќе ги воспитаат тие, отколку некои лигли кои сакаат да бидат декор у животот на моќникот. Мамините ќерки обично треба да бидат се она што нивните мајки не биле! Старата мајка не сака да признае дека бракот и животот и се срање, па тргнувајќи од својот промашај, ќе си ја воспитува ќеркичката да трча по парите. Таквото воспитување на своите ќерки, најчесто создаваат производ на несреќно омажена невеста која ќе спие покрај некој богат вепар или стара мома која упорно ќе го чека својот принц на бел коњ.
А принцеви на бели коњи одамна нема. Има фраери и сељаци.Има мангупи и дебили. Пари може да има секој, но вредност не.
Баба ми и дедо ми покојни, за мене беа еден многу убав пример. Дочекаа двајцата златна свадба и едно брдо деца, внуци и правнуци да им ги товарат масите и столиците. Знам тогаш,пукаа од среќа иако беа на залезот од своите животи.Како младоста да им се ожари на лицата таа вечер. Се држеа за рацете и му се смешкаа на објективот. Умреа среќни, затоа што позади себе оставија дрво со многу гранки и плодови. А и не верувам дека се мртви. Сигурно парцијално живеат во сите нас, кои сме нивно потомство. Заедно со прекрасната фотографија која како икона ни свети на ѕидот. Љубов за пример, како аманет за идните генерации. Ја тогаш бев копиљ, пиев ракија и повраќав у двор…
А во што сакааат да го потрошат својот живот, нашиве ужалени и несудени невести? Да се омажат тука не им се исплати! Би рокнале као бомбаши самоубијци у таков брак. Да родат некое детенце, па ич никако. Наместо тоа, ќе цвичат дека у љубовта немаат среќа, дека мужите биле педерчиња и слично. Полесно им е да се сопнат на некој катарски шеик или на некој главен фраер од берзата. А кога се они во прашање, принцезите наши се плодни и по 30 дена во месецот. Тогаш не се голтаат пилули за контрацепција и наместо мужот нив да ги зачне, они го зачнуваат него. Право у центар. Со кисела насмевка и деформиран план за иднината. Фоката конечно успева у животот. Кивам и мрсул ми лета право на тастатурата!!!
Колку повеќе и се одродуваат на љубовта, толку повеќе ќе стануваат робови на недуховните и материјални нешта, кои нема никогаш во целост да им ја развеселат киселата фаца. Децата и семејството се најголемото богатство и се друго е споредно и неважно. За да се биде добра мајка и на децата да им се принесе пат кон убав и среќен живот, не се потребни бракој од интерес и разнебитени суштества без морални вредности. Доволно е само да им се пренесе приказната од нашите баби и дедовци. Затоа што тие создаваа семејства кога чизмата на окупаторот газеше по нивните лица. Кога го носеа крстот на чело и во глад и жед, ги добиваа камшиците на своите грбови. Ако тие тогаш, чекаа пари и богатства за деца да воспитуваат, нас немаше да не има и лозата ќе ни пресушеше многу одамна.
У град има еден куп слободни деца и еден куп слободни девојки. Наместо да скролате и да бидете online и наместо да ги сањате глауморот на Катар и шеиците од заливот, пробајте напрајте муабет со фраерите у градов. Запознајте се у живо наместо да се манијачите по ФБ. Затоа што реалниот стискавац е многу повозбудлив и по секси од ретардираниот poke и like…Вистински like е кога ќе се осети кликот во реалноста. Кога чоек ќе стане сигурен во својот соговорник. Е тогаш е се полесно.Патот до својот рај е многу поблиску од било кога…Изборот е слободен! Да се биде цел живот калаштура, фока, или сакана жена и почитувана мајка, нормално…
НАПИША: БУЛЕВАРКО