КЕРФУР СИ ЗАМИНА, Г’С ПАПИРОТ ЌЕ НИ ОСТАНЕ

2627-1239822615-40320_1_468Народов да не му ја мисли ич. Иако Керфур си замина од нашиот град, ролните за бришење дупе ќе ни останат. Па богами како навали народот наш на отварањето,неколку дена со тоа меките ролни помислив се спремаме за војна или недај боже некоја елементарна непогода е на пат. А народ наш што ти е, малку да е поефтино па ќе купи дури и да не му треба. И рицино ќе пие за серка да го стегне само парите за евтино да не одат тутун. И нека пие. Во иднина ќе може на раат да кења и дупе со мек папир да си брише! Тоа нема никаква врска од бизнис поместувањата у едно општество.

Сега е сезона на стомачни вируси. Баш кога екс-главниот дистирбутер на мека хартија, си ги пакува куферите. Хм. Ми мириса на теорија за заговор. Без разлика дали во иднина ќе ја има со 4 денари попуст. Фармацевтскиве куќи и извознициве на миризлива и мека хартија се имаат спогодено. Едните пуштаат стомачен вирус на слобода, другите вадат ниска цена на тоалетната хартија. Ах шо ти е пазарна економија, не можеш ниту да прднеш со ова евтиниве производи. Можеш да прднеш ама попатно и можеш да се усереш. Немаме гајле. Хартија има евтина на претек а и аптекиве даваат Линекс без рецепт. Се оди онака европски како подмачкано.

Пред некој ден чекав у супер-маркет на каса, касиерката да стави хартија у фискалната. Пред мене ред чекаше една дадичка. Големи цицки, разголено деколте, секси задница, и убава и негувана фаца. Ми беше многу секси. Почнав да фантазирам како би било сега да ми се онесвести и јас да морам да ја освестувам. Ах да га ебем. Се заврте накај мене кога гледам во раката тегне два пакети со мека и миризлива хартија. Ах боже?

Зарем и овие секс мораат да кењаат? Знаеш, во тие моменти не ти текнува на тоа ама тој детал моментално ми ја сјеба хемијата кон типката. Нека е јака колку сака. Готово. Филмот ми пукна. Те молам срцка немој да паѓаш у несвест. Ќе барам некоја кладилница да пишам некое ливче. Таму и да промашам, зијан ќе бидам само 100 денари. А остатокот од нацијава, раат нека биде. Колку и во иднина да ја усереме, хартија ќе има, без грижа…Само што нема да е хартија од вредност, јеби га…

НАПИША: БУЛЕВАРКО

- Реклама -