Првата експедиција до Јужниот пол, низ фотографии

rfrdvubqxffx0ajhf2g3[1]

Првото патување до Северниот Пол беше предводено од норвешкиот истражувач Роалд Амундсен. Оригиналниот план му бил да отплови кон Северниот пол, но тогаш разбрал дека американските истражувачи Фредерик Кук и Роберт Е. Пири веќе имале стигнато до Арктикот во 1909-тата. Амундсен се преориентира кон Антарктикот и отпловува, заедно со екипажот на бродот „Fram“, од Осло, на 3 јуни 1910 год.

На 14 јануари истата година, Амундсен стигнува до Заливот на китовите и поставува камп, кој го нарекува Фремхајм (според името на бродот). По првиот неуспешен обид, патувањето кон Јужниот пол продолжува во октомви 1911-тата, а Амундсен конечно стигнува до дестинацијата на 14 декември истата година, само 5 седмици порано од британскиот тим предводен од Роберт Ф. Скот. Екипажот на Амундсен поставува шатор и норвешко знаме, означувајќи го своето постигнување.

Амундсен го преживува враќањето во Фремхајм, за разлика од Британецот Скот, кој ќе почине за време на враќањето. Не само тоа, Амундсен продолжува и со истражување на голем дел од Северниот пол, а во 1926-тата и ќе го прелета.

Во продолжение следуваат неколку спектакуларни фотографии од патувањето на Амундсен и норвешкиот екипаж кон Јужниот пол, во кои може да се насети дел од атмосферата при освојувањето на Антарктикот.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23

Роалд Амундсен, облечен во крзно.
Роалд Амундсен, човекот што прв стапна на Антарктикот.

- Реклама -