Спринтерка од Авганистан ја пишува историјата (видео)

Тамина Кохистани е единствената жена од Авганистан што избори место на Олимписките игри. Таа, за разлика од сите други натпреварувачи, се соочува со многу поголеми потешкотии при претставувањето на својата нација.

Тамина доаѓа од азиската земја во која владее една од најрадикалните форми на Исламот. Таму, по диктат на Талибанците, жените не само што не смеат да се образуваат, да работат или да спортуваат, туку не смеат да излезат на улица ако не се во придружба на својот сопруг или пак друг маж од семејството – и тоа само со бурка.

{youtube}gOkQAORo36g{/youtube}

Од еден таков свет, храбрата спринтерка што оствари олимписка норма на 100 и 200 метри, доаѓа во Лондон со сон да им докаже на сите дека грешат. На атлетските натрпевари таа ќе настапи со дополнителна тежина на своето тело, бидејќи мора да трча покриена, наместо во нормална атлетска опрема, но и со такви услови, се надева дека ќе оствари поволен резултат и ќе им докаже на сите кои велеле дека нејзиното место е во домот, дека и жените можат да донесат слава за нацијата.

Прочитајте и:  Пол ги демантираше гласините: Борбата со Тајсон не била наместена
- Реклама -