Кога се прават машини наменети да бидат користени во океан, неопходно е да се тестираат во контролирана средина, како на пример – симулиран океан. Ова обично се прави во раната фаза на истражување и во фазата на развој, бидејќи токму во овој период се јавуваат многу проблеми што треба да бидат адресирани за машината воопшто да издржи барем еден обид кога ќе се најде на терен. А чекај уствари, како се симулира океан?
Океаните имаат карактеристики што инволвираат комплексни концепти на флуидна динамика. Дел од нив, најважните и најкорисните, научниците можат да ги моделираат при креирањето на симулатор, користејќи базен со вода. Во ова видео, океанот е симулиран со помош на бзаен со ~2.4 милиони литри вода. Динамиките на водата се симулирани со подвижен под во базенот, како и со големи генератори – метални плочи што се движат напред и назад, и со тоа создаваат бранови.