Руска салата тешка еден тон

salata_rФирмата „Хелманс“ и детската градинка „Мајски цвет“ в сабота на
плоштадот „Македонија“ ќе ја направат најголемата руска салата во
Македонија, која ќе тежи еден тон. Салатата ќе почне да се приготвува
во 12 часот напладне.

salata_rФирмата „Хелманс“ и детската градинка „Мајски цвет“ в сабота на плоштадот „Македонија“ ќе ја направат најголемата руска салата во Македонија, која ќе тежи еден тон. Салатата ќе почне да се приготвува во 12 часот напладне.

Од „Хелманс“ најавуваат дека ова ќе биде генерална проба за следниот потфат – да се направи најголемата руска салата во светот, што ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Поголемиот дел од салатата ќе се донира во народната кујна во црквата „Света Петка“ во Црниче, а „Хелманс“ ќе помогне и да се реконструира кујната во градинката „Мајски цвет“. На манифестацијата в сабота ќе настапат повеќе естрадни уметници и хорот на градинката.

виа. 

- Реклама -