Immigrant Song

Во форма на музичка и фотографска уметност посветуваме една статија на сите мигранти кои некогаш биле принудени да ja напуштат “земјата на мразот и снегот”.

Фотографиите што ќе ги видите во галеријата, се на луѓето кои пристигнале на истото место опеано од Led Zeppelin меѓу 1892 и 1954 година и ги оставиле гените во крвта на денешниот просечен Американец. Тие слегуваат на островот Елис, кој служи како контролна станица за милиони имигранти кои пристигнуваат во САД. Првата птица преселница која слегла на станицата е 17-годишната Ени Мур од Корк, Ирска – една од 700-те лица кои пристигнале дента и на 1 јануари 1892 година.

Сликите се направени од фотографот аматер Огестес Шерман, кој работел како писар во контролната станица на островот Елис. Луѓето на фотографиите најверојатно се уапсени, додека чекаат да добијат пари, билети или едноставно некој да дојде да ги прибере од островот.

Тие се бегалци од сите краеви на Европа, Африка и Азија, секој во својата национална носија. Во нивните очи има целосна конфузија, интерес и срамежлива надеж за подобар живот.

Германец
Германец
Деца од Лапонија
Деца од Лапонија
Деца од Шведска
Деца од Шведска
Жени од Гваделуп
Жени од Гваделуп
Италијанка
Италијанка
Маж од Русија
Маж од Русија
Романки
Романки
Романци
Романци
Русинка
Русинка
Холанѓани
Холанѓани

 

- Реклама -