Џ. Селинџер: Со луѓето е тешко, без нив е неподносливо

Американскиот писател Џером Селинџер е еден од најинтересните и мистериозни личности во светот на литературата. Иако умира на поодминати години, неколку децении тој како да исчезнува за светот. Во најактивната креативна возраст Селинџер едноставно престанува да пишува, што се објаснува со грубо мешање во неговиот приватен живот, а во 1980 година писателот го дава и своето последно интервју.

Џером Селинџер
Џером Селинџер

Неговиот култен роман “Игра во ‘ржта” повеќе од 60 години е еден од најчитаните и сакани книги низ целиот свет.

Селинџер умира на 27 јануари во 2010-тата, на 91 година.

Да се ​​потсетиме на неколку негови согледувања за светот.

Ако една девојка е убава, кому му е гајле ако доцни на состанок? На никого.

Само затоа што еден човек умрел, не значи дека треба да престанете да го сакате, по ѓаволите – особено ако тој бил подобар од сите живи, кои ги познаваш.

Би било подобро некои работи да не се менуваат. Ако можеме да ги поставиме во стаклени витрини и да не ги допираме.

Знак на незрелост е човек да сака да умре благородно за кауза, а знак на зрелост е да сака да живее скромно за добра причина.

Не е потребно да си гад за да изнервираш некого, најдобриот човек исто така може целосно да ви го расипе расположението.

Женското тело е како виолина, треба да си голем музичар, за да го натераш да звучи.

Лошата вест е што понекогаш ми е забавно да правам глупави работи.

Не разбирам за што му е на човек да знае сè во светот и да блеска секогаш со духовитост, ако тоа не му носи радост.

Слика инспирирана од "Игра во 'ржта"
Слика инспирирана од “Игра во ‘ржта”

Привлечени ми се оние книги кои откако ќе ги прочитам до крајот, си велам: би било добро ако овој писател беше мојот најдобар пријател, ако можев да му заѕвонам на телефон, за да си поразговараме.

Тој мрази да го нарекуваат имбецил. Сите имбецили мразат да ги нарекуваат имбецили.

Мислам дека животот е подарен коњ.

Си бил еден маж, се заљубува… и веднаш станува глуп.

Забавна шега. Кога сакате од некого нешто големо, изразете се што е можно повеќе комплицирано, збунете го … и тој ќе направи се што ќе посакате.

Со луѓето е комплицирано, без нив – неподносливо.

Замислувам мали деца како си играат навечер во големо поле со ‘рж. Илјадници деца, а наоколу нема жива душа, нема возрасни, само јас. И стојам на работ на една карпа над бездната и мојата работа е да ги чувам децата да не паднат во празнината. Гледаш, тие играат и не гледаат, само трчаат, а јас ги чувам да не паднат. Тоа е мојата работа. Да бидам спасител во ‘ржта. Знам дека звучи глупаво, но тоа е единственото нешто што го сакам вистински. Сигурно сум будала.

 

- Реклама -