Веројатно сте гледале голем дел од видеата поврзани со Стив Џобс, вклучувајќи и некои од најдобрите реклами во маркетинг историјата на Apple во текот на годините.
Целиот овој поток од видеа ги следи активностите на една технолошка компанија која го промени пазарот и стана пример за маркетинг во светот, благодарение на генијалната замисла на дизајнот и нејзиното презентирање во јавноста.
Предлагаме да ви ги дополниме впечатоците со еден запис кој ќе ве врати назад низ времето. Ова видео датира од 24 јануари 1984 година, кога 28-годишниот Џобс му ја претстави на светот линијата персонални компјутери Macintosh.
Вака изгледаа почетоците на една легенда.