Европска Унија, ту би ор нот ту би!

begalci

Европската Унија е мртва. Некогаш, нејзиното постоење имаше смисол, но според она што го зборува францускиот премиер Мануел Валс, целиот проект како да издишува поради… да, погодувате, миграцијата. Во говорот на Светскиот економски форум во Давос, минатиот месец, Валс рече дека бегалците кои бегаат од насилството и војната во Ирак и Сирија може целосно да ја дестабилизираат Европската Унија.

– Ако Европа не е во состојба да ги заштити своите граници, идејата на Европа се доведува во знак прашање – рече Валс, кога го прашаа за возобновувањето на границите во Европа.

Дали е можно Валс да е во право? Неодамна, во Шведска, Данска, Норвешка, Австрија, Франција и Германија се воведени одредени ограничувања на слобода на движење во Шенген зоната. Минатиот петок, портпаролката на Европската Унија, Наташа Берто најви дека постои можност дека земјите на ЕУ би можеле повторно да воспостават гранична контрола за период од две години. Сепак, ништо не е официјално додека министрите за внатрешни работи не разговараат за тоа.

Сакавме да дознаеме дали идејата за Европа е силна колку што ние мислиме и што би можело да се случи ако земјите членки на Шенген зоната почнат да ги затвoраат границите.

Пред некое време д-р Кристофер Бикертон, професор по европски студии на Универзитетот во Кембриџ и автор на книгата Од национални држави до држави членки, даде изјава за Вајс.

Неговото мислење за сето ова и не е баш смирувачко како што се надевавме.

Дали постои можност Европската Унија да исчезне поради миграцијата?

Франција не презема многу бегалци досега, до минатата година, кога луѓето почнаа да пристигнуваат во голем број. Од друга страна, Германија има примено околу 1,1 милион за само една година. Ако ги погледнеме земјите како Италија и Грција, тие имале прилив на мигранти и бегалци многу подолг период од другите европски земји. Велика Британија немаше многу работа со бегалците, во споредба со другите европски земји, така што самата избра да не преземе голем број луѓе. Јас би рекол дека различни земји се соочуваат со проблемот на бегалците на различни начини.

Што мислите за тоа дека бегалците претставуваат еден вид апокалиптична смрт за Европа?

Валс не смета дека доаѓањето на бегалците е негативна работа. Да беше така, Меркел немаше да рече дека границите на Германија повторно се отворени. Мислам дека мигрантите може да го отежнат функционирањето на јавните услуги во некои критични моменти, но ако овие луѓе се населат, ќе почнат да придонесуваат за општеството. Добро е да се има голем прилив на работоспособни луѓе, особено во земји како што е Германија и ова може да има многу позитивен ефект за Европа.

Што е логиката зад верувањето на Валс дека „Идејата за Европа ќе биде доведена во прашање?

Многу е битно неговите изјави да не се вадат од контекст. Валс зборуваше за проблемите со кои се соочува Шенген зоната и за можноста за повторно воспоставување на државните граници. Постоеше тенденција, Европа да се дефинира како континент без граници, па сега, имајќи го ова пред вид, повторното воведување граници би можело да биде нов предизвик за Европската Унија.

Државите веќе почнаа повторно да воспоставуваат контрола на границите. Дали постои можност да се забрани слобода на движење во Европската Унија? Постојат две опции со кои се соочуваме. Првата е повторно да се воспоставтат граници и да се суспендира Шенген. Втората е, Шенген останува каков што е, но со промената на договорот од Даблин, според кој бегалците и барателите на азил кои пристигнуваат во ЕУ мора да подлежат на контрола, а со нивниот азил се занимава првата земја членка на ЕУ во која тие влегуваат (во главно, Грција и Италија). Владите се обидоа да испратат бегалци во Луксембург и Франција, но некои од нив едноставно одбија да отидат. Соочени со вакви проблеми, повторното воспоставување на границите се чини како разумна алтернатива.

Што ќе значи тоа за државите членки на ЕУ?

Луѓето брзо се навикнаа да ги преминуваат границите без никакви проверки. Пример, влегуваш во воз, во Амстердам и излегуваш во Париз, и никој не те проверува. Сето ова ќе треба да се промени. За почеток, ќе треба да има вистински граници на железничките станици. Следно, ќе има контролни пунктови или нешто слично, речиси исто како контролните пунктови што ги имавме на премините од една во друга европска земја, пред триесеттина години.

Тоа звучи како многу работа. Има ли некоја средина во сето ова?

Мој личен став е дека би сакал границите да останат колку е можно поотворени. Не мислам дека ЕУ ќе остане доследна на политиката на отворени граници. Ако постоеше можност да се постигне некаков договор, мислам дека досега би се направиле кампови во Јордан или некое слично место и бегалците би се задржувале таму. Исто така, би се воспоставиле посилни контроли на местата како што се Грција и Италија. Мислам дека тоа не е многу пожелно, па лично верувам дека воведувањето контрола на државните граници е подобра идеја.

Постои можност на самите тие држави да им се остави да одлучат дали ќе воведат построга контрола или ќе воведат гранична контрола. Најдобра опција ќе биде да се суспендира Шенген зоната и да се остави членките сами да одлучат каков вид гранична политика ќе водат. Тогаш можеме само да се надеваме дека државите ќе тргнат по патот на Германија.

- Реклама -