ШЕТАМ НИЗ СКОПЈЕ И СКОПЈЕ СИ ГО БАРАМ

11536128_10207146089793537_9020663488244639292_nСе качувам на последна 5 ка у Ново Лисиче. Автобусот уште на старт е накрцан со преживеаните од Сремски фронт и битката на Неретва. Извадени се таблите, заројте, картите, транзисторите и забавата може да почне. Одамна нашиве автобуси станаа подвижни пензионерски клубови каде реата на лук не ја ветрее климитизираниот Кинез.
А Ново Лисиче, како и по обичај, се гуши у магла. Кога од фабрички дим, кога од друштвата маалски кои чурат зелена трева од домот свој. У глобала, у најголемиот дел од животот сме задимени и бетонирани. Легендата за Ново Лисиче вели дека тоа е најзамаглената населба.  Битно е што сите си идеме накај дома оклештени и опуштени. Маглата кој ја ебе! Ние си праиме наша!

Како идам накај Транзитен центар, решавам да се симнам и да прошетам под Железничка станица. Тука се дешава најнеприродниот људски микс у градов и тука увек ми се примочува!  Сите приградски линии тука се спојуваат у чвор, заедно со чудниот тип на фризури.
Како влагаат ученици у автобусите, автоматски унутра се врши утовар на разни типови ладни орудија! Шипки, боксирачи, сузавци, лептир-ножеви и жилети под јазиците, ја комплетираат сликата на накурчените и избедирани фаци! Најчесто овие линии пичат накај своите дестинации со пратња од два- три АЛФА тима. И пак ќе летне некоја вилица и некој нос.Тоа се оние битки, каде селата кажуваат кое од нив е главно у градот!

На карши у Маџир маало, дебелите стари Скопјани ги летаат своите голуби. Урбаната мафија сади нови зградурини, иако за ниедна цена на светот не би ги тргнале конзервите и ќумезите у кои чуваат разни сорти на Азмани, Вртачи и Дунеци.  И овој амблем на Скопје, како и многу други, ќе го попуши курот пред налетот на багерите и камионите, управувани од припадници на аграрната фела, мигрирана таму некаде после земјотресот. Ако некој мене ме праша, правиот земјотрес, Скопје го доживеа по 1963 и тој удара секој ден по еднаш, до денешен ден…

А Дебар маало у форма на блуз, ја раскажува својата приказна која полека изумира. Диносаурисите кои дремат по околните кафеани, љуштат лута ракика, вртат некое пивце и во мир и тишина раскажуваат за своето младелашко скопско минато. И тука, во нивна непосредна близина, лупаат штемајзи, крампови, се сече асфлат, се монтираат кранови и се врши надградба на старите куќи, кои сега треба да станат згради за во нив да се всели доселенички чопор кој нема блага врска со ова славно маало. Бетонот се крши а Скопје вришти од болка. Санитарните јазли нема да го издржат налетот на идните кењатори. Една колективна серка на новодоселните серковци, ќе ги отворат дупките на улиците као шупак после голема нужда!
Тоа ќе биде армијата, која ќе ги избрише и последните траги на древното скопско живеење.
Од срцето на Центар, останаа само старите дрва, милионите жолти лисја кои ќе попаднат во есен, старите кафеани на Боемската улица и К.К Работнички. Славниот клуб поради кој Центар знае да излезе од мртвило и да се придвижи барем малку напред.

Карпош, Влае, Ѓорче па Сарај. Од Партизанска, до порта Влае и нагоре, се последните крвотици на скопскиот организам. Културни господа и госпоѓи, дедовци и внуци кои ја поштуваат Титовата фела и кои својот код го имаат бетонирано на славната Партизанска.  Штом стигнеш до Ѓорче!
Таму се стриковците кои се акаат низ улици со оној типичен македонски балкански порив. Тепачишта, пијаничишта и вљубеници у риболов и борби со кучиња. Таму курчот не поминува и таму бунтот сеуште извира од очите на луѓето. Другарство започнато на састав кај Треска и Вардар, деца пораснати со муљот на матниот Вардар и со играњето олди-олди.

Слична душа имаат и оние од Чаир. Само што овие у Ѓорче продаваат зеленчук и овошје на пазар а овие од Чаир шиткаат екстази, амфетамини и оружје на црно. Татковците на оние копиљаци кои некад навивале за Балкан, се кумови на најголемите бадникови огнови во градот. Оние татковци кои навиваат за Слога, го живеат сонот да тркнат на аџилак у Мека или да фатат усвет по Швицарска и Германија. Копиљаците у Чаир сè уште играат џамлии и собираат сликици од фудбалери. Не се така фенси како оние деца кои гравитираат накај центар, и сè уште до крај не ги поебал виртуелниот вирус на блеење у компјутер и скролање по улица. По Чаир ќе сретнеш разни буљаши и пешкири а гаѓањето у уста е олимписка дисциплина. Ф.К Балкан, тајфунот од Чаир, е единствената работа која и недостига на таа стара скопска населба. Седнат сум на клупа у паркот кај стадинот и гнетам симит погача со Ајран, од фурната кај тетка…Старата фурна на дрва од која бурек гнете цело Скопје.

Мојава вожња, природно би ја завршил некаде према Пинтија и Драчево. Али у некое идно време, кога овие места ќе станат дел од Скопје, секако 🙂

 

НАПИША:БУЛЕВАРКО

- Реклама -