Си го имаме муабетот со “Гугл”

Ништо не може да остане скриено на интернет. Колку повеќе кликаме, толку повеќе работи издаваме за нас. Колку повеќе регистрации правиме, толку повеќе податоци остануваат некаде во виртуелниот простор.

150624140953-just-google-it-780x439

Ајде да видиме колку нè познава другарот Гугл.

1. Погледнете што мисли “Гугл” за вас

За да покажува соодветни реклами, “Гугл” собира податоци за вас и создава профил, и тоа, не е тајна. Дали сте знаеле дека можете да ги контролирате и уредувате информациите што “Гугл” ги има за вас:

http://www.google.com/settings/ads/

2. Погледнете ја историјата на локациите

Ако користите Android, мобилниот уред може да ја праќа вашата локација на “Гугл”, па така имате можност да ја видите целата историја на местата што сте ги посетиле:

https://maps.google.com/locationhistory

3. Погледнете ја целата историја на пребарување:

“Гугл” го задржува секое едно од пребарувањата што сте ги правеле. При тоа тие ја бележат секоја реклама на која што сте кликнале. Оваа листа е на располагање во поставките на вашиот профил:

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

https://www.google.com/history/

4. Како да добивате месечен извештај за безбедноста и приватноста на личните податоци

“Гугл” нуди страница за активностите на вашиот профил во која се опишани сите услуги на “Гугл”, кои што ги користите. Можете да добивате месечен извештај кој ќе биде испратен на вашиот e-mail:

https://www.google.com/settings/dashboard

5. Научете ги сите апликации и екстензии кои имаат пристап до податоците во “Гугл

Страницата за активностите на профилот ви нуди листа на сите апликации кои имаат некој вид на пристап до вашите податоци. Можете да видите точно какви дозволи се издадени на апликацијата и да добиете пристап до податоците тука:

https://security.google.com/settings/security/permissions

6. Преземете ги сите ваши податоци

“Гугл” ви овозможува да ги изнесете сите ваши податоци: обележувачи, контакти, датотеки, профилни информации, клипови на YouTube видеа, слики и уште:

https://www.google.com/takeout

Бонус:

“Гугл” ја чува и историјата на пребарувања на YouTube. Можете да ја видите тука:

https://www.youtube.com/feed/history/search_history

- Реклама -