Мигови

Man holding crystal ball in landscape

Ако можев да го живеам својот живот повторно
би пробал да правам повеќе грешки,
без да се трудам да бидам совршен, би сакал да бидам поопуштен,
и многу пожив, за што зажалив.

Требаше да се заморувам помалку со хигиената,
да преземам повеќе ризици,
да одам на повеќе патувања,
да гледам повеќе зајдисонца,
да искачам повеќе планини, да препливам повеќе реки,
да појдам на повеќе места на кои никогаш не сум бил,
да јадам повеќе сладолед и помалку грав,
да имам повеќе реални проблеми и помалку имагинарни.

Бев еден од оние луѓе кои живееја мудро
И нормален во секоја минута од животот;
се разбира, имав и моменти на среќа.
Но кога би можел да се вратам назад, јас би се обидел
да живеам само за убавите моменти.
Во случај да не знаете – од тоа е направен животот,
Само од моменти; не ги пропуштај “сега”.

Бев еден од оние кои никогаш
не оди некаде без термометар,
торба со топла вода,
чадор, падобран.

Ако можев пак да живеам, би патувал полекомислено.
Ако можев пак да живеам,
би започнал да одам бос од почетокот на пролетта,
и би продолжил додека заврши есента.

Требаше да се свртам на повеќе вртелешки,
требаше да доживеам повеќе изгрејсонца,
да си играм со повеќе деца…

…ако имав уште еден живот пред мене.
Но веќе гледате, наполнив 85 години
и сега знам дека умирам.

Хорхе Луис Борхес

 

- Реклама -