Вежбањето, всушност, може да дебелее

Некои истражувања покажуваат дека значаен губиток на килограми не може да се постигне само со одење во теретања и вежби. Во некои случаи вежбите на телото се дури и одговорни за добивање килограми плус.

Немојте да компензирате!

Нема сомнеж дека вежбањето согорува калории, но исто така го зголемува и апетитот. Што повеќе вежбате, најчесто и толку повеќе јадете и на тој начин, всушност, телото се саботира само себе во настојувањата да се изгубат вишокот килограми. За да не се случи потполно спротивното од посакуваното, мора да бидете свесни за овие појави. Бидете свесни дека ќе чувствувате поголема глад кога ќе почнете да вежбате, но решенија има, повеќе внимание посветете на аеробик вежбите. Тие ќе ви помогнат во намалувањето на апетитот, а така вежбањето нема да ве дебелее.

Внимателно со храната

Не е добро да јадете пред самиот тренинг или за време на вежбањето. Добро е да избегнувате храна која се состои од едноставни шеќери и рафинирани јаглехидрати. Наместо прејадување, потребно е да му дозволите на телото да ги апсорбира потребните масти. Најдобро е да јадете два до четири часа пред одењето во теретана затоа што така најдобро ќе ги согорите мастите. Вежбањето на релативно празен желудник, исто така, привремено ќе го намали вашиот апетит, па така помалку ќе јадете кога ќе завршите со вежбите.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Не за мусли-баровите

Популарно е верувањето дека енергетските плочки и спортските пијалоци придонесуваат во делотворноста на вежбите за тело. Но вистината е дека продуктите од тој тип изобилуваат со шеќери. Наместо тоа, изберете вода и здрави интегрални житарици. Но не заборавајте дека дури и житариците е важно да ги внесувате неколку часа пред вежбањето.

Можеби погрешно вежбате

Многу луѓе мислат дека ќе изгубат килограми веднаш штом ќе тргнат во теретана. Факт е дека слабеењето не оди толку лесно и едноставно. Посебно е присутна заблудата дека тренирањето на справите ќе донесе виткост уште во првата недела. Вистината е дека најдобро се слабее со возење велосипед и трчање, па најдобро би било повеќе време да посветите на овие вежби, а помалку на справите.

Добра мотивација

Иако не е лесно да ги изгубите вишокот килограми, немојте лесно да се обесхрабрувате и секогаш имајте ја целта на видик. Сетете се и дека вежбањето ја намалува присутноста на стресните хормони во организмот, а тоа се разбира влијае и на вашето здравје. Направете го вежбањето дел од вашиот живот, односно комбинирајте го со здрава исхрана. Така ќе добиете одлични резултати кои ќе ве следат во текот на целиот живот.

- Реклама -