Ја казниле средношколката од Велес заради ФБ статус! Го навредила ценетиот естаблишмент и користела говор на омраза. Дечки да бидеме на чисто! Да го имаш правото да шириш говор на омраза у оваа земја е привилегија. Не го може и не го смее тоа секој. Најмалку некоја клинка шо му удрила директно у егото на директорот. Само врз основ на тоа што си го има дигнато егото до плафон, не знам? Со плашење и малтретирање деца? Говор на омраза можете да гледате секој ден од 7 часот наутро по утринските контакт емисии, па се до последните вести, таму некаде кон полноќ! Никако и никако на ФБ, кога ценетите директорчиња се стаени на тапет! Ако вие им го мерите поведението на децата, по завршување на наставата, треба да ви го мери некој и вашето, таканаречените образовни работиници. Дo 16 часот сте образовни работници, а по 16, сè и сешто, само образовни работници не. Така?
Велешкото директорче е една од многуте алатки за преваспитавање на рајата. Нему не му е јасна и разбирлива, детската потреба од авангарда у бунт! Жигосајте ги децата од старт, нека бидат имбецили без никаков став за било што! Тогаш ќе бидат послушни деца!
Бунете се деца и спротиставувајте се! Не им давајте да ви ја шијат гардеробата и кодот по нивен вкус, пошто тоа ќе им биде потоа амбиција за цел живот. Да бидете кукли кои ќе ги облакаат според својот не-вкус!!!
Ако сите нас не судат судии ко оној директор од Велес, намалено поведение у оваа држава заслужуваме сите. Не е проблемот малиот курч и бунт на средношколката у Велес! Куртизаните директорски кои за прекувремени саати, унапредувања и семинари по елитни хотели, жонглираат со цицки, се лошиот пример у приказнава а не ФБ статусот на малата. Дајте им нив намалено поведение директоричиња! Облечете ги у униформи оние кои со ебаниот дрес код, гардероба и тоа што е под гаредеробата просперираат у животов. Коа идам на родителска и ко ќе видам какви примероци женски се фрцкаат со г`зојте по тоа ходниците, од родителската средба не запаметувам ништо. Така и децата. Ако нивните учители немаат дрес код, зашто да имаат па они? А така е у секоја државна инситуција. Големата цицка, а не убавиот збор, железни врати отвара!
Но случајов со малава не е тема за дебата. Добар дел од медиумите и порталите ова го смета за небитна вест. Побитна тема за разглабање се гаќите на Цеца, дали редовно добива или не добива циклус! Побитно е крзното од 4 000 евра на ДЕЖАВУ фраерот или што Карлеуша и рекла на Станија. Вашите стандарди на комуникација заслужуваат намалено поведение!!! Вашите уредници, вашите идоли на ТВ кои што водат емисии. Сите вие заслужувате незадоволително поведение, затоа што полека но сигурно, градите свет кој сурово почнува да го казнува бунтот и авангардата на децата. А тоа е првата или последната работа што еден човек треба да ја зачува или загуби. Полоша работа од физички хендикепиран човек е човек со скршен дух.
Детскиот дух и детската авангарда не е скапо крзно со кое што некој треба да се курчи и да го оправдува своето директорување. Децата треба да бидат деца, кога им е дојдено времето за тоа. Ќе дојде и тоа време кога ќе треба да бидат послушни роботи на системот. Тоа е онаа болест од која народов старее у душите и ја губи насмевката на лицето. На децата за таа болест им е рано….Има сè уште време, нека бидат сè уште деца!
НАПИША:БУЛЕВАРКО (со незадоволително поведение)