Четириесетедногодишен маж од Велика Британија, вели дека последниве 16 години ја дилал неговата сперма на жени кои сакале да забременат и така станал татко на стотици деца „од Шпанија до Тајван“, продавајќи го својот „магичен напиток“ за 50 фунти по доза.
Овој човек, Сајмон Вотсон, тврди дека зачнувал во просек по едно дете неделно како нелиценциран донатор на сперма, и се обидува да „го освои светскиот рекорд обидувајќи се истиот, никој да не го израмни“.
„Мислам дека ги имам некаде околу 800 до сега“, вели Вотсон, „па би сакал за четири години да постигнам бројка од барем илјада деца“.
Поради тоа што работи надвор од надлежностите на Националната здравствена служба на Обединетото Кралство, Вотсон изјави за BBC дека поголемиот дел од клиентите ги наоѓа преку Фејзбук (неговата страница е укината во моментот на објавувањето на статијата), и обично со нив се наоѓа на одморалиштата на автопатот М1 кој ги поврзува Лондон и Лидс. Дури оди и на тестови за сексуално преносливи болести на секои три месеци и поставува онлајн фотографии од најновите резултати.
За тоа, зошто ужива во давањето на своето „млеко“ на стрнците, Вотсон одговара: „Немав девојка до својата 18-та година. Си помислив, „Никогаш нема да се венчам и да имам свои деца“.
BBC констатира дека стандардното вештачко оплодување во лиценцираните клиники во Британија може да чини до стотици, ако не и илјадници фунти, па средба со четириесетедногодишен лик покрај автопат и купување на пластична тегличка со неговата сперма за толку малку пари е очигледно најатрактивната и најевтината алтернатива за многумина.