Поглед од врвот на пирамида

piramida

Тинејџер ги сведе авантуристичките видеа на сосема друго ниво, откако ја ризикуваше својата слобода, за да се искачи на Кеопсовата пираимда во Египет. Иако искачувањето на пирамидата стара 4 500 години е нелегално, германскиот турист Андреј Циесиелски патува до Каиро со изрична намера да се качи на една од трите пирамиди во Гиза.

На врвот тој успева да направи воодушевувачки фотографии и видео на пустинскиот пејзаж под него.

ida1

Правилата против искачувањето на пирамидите се воведени за да ги заштитат од уништување и во принцип се казнуваат со затвор. Германскиот тинејџер сепак одлучува да се искачи на највисоката пирамида, висока 146 метри сред бел ден и го прави тоа за осум минути. Кога слегол долу, тинејџерот бил уапсен и однесен во полициската станица.

Првично полицајците сакале да го однесат во германската амбасада, но на крајот го ослободиле без последици.

- Реклама -