Детроит 2016: Блесок и на новиот Mercedes SLC

Германците од Mercedes-Benz продолжуваат да менуваат кратенка на своите модели, а новина е подобрената верзија на купе кабриолетот SLK, која во иднина ќе се нарекува Mercedes SLC и е претставена за прв пат на тековниот автосалон во Детроит.


Освен со новото име, возилото импресионира и со изменет дизајн. Практично, целата предница е нова и се карактеризира со заоблени форми. Што се однесува до внатрешноста дел, промените се значително помали. Остава впечаток новиот управувач, кој има доста повеќе копчиња. Мултимедијалниот систем се издвојува со својот поголем екран, а луѓето од Mercedes велат дека се доработен и системот за отворање и затворање на хард покривот. Пртходно системот делуваше само ако возилото е на место или пак се движи со минимална брзина, но сега покривот може да се отвори при брзина до 40 km/h. Стандартните верзии на Mercedes SLC ќе се опремат со само четири мотори. Бензинските верзии се SLC 180 (156 КЅ), SLC 200 (184 КЅ), SLC 300 (245 КЅ), а дизелската е SLC 250 d (204 КЅ). Во зависност од перформансите, менувачот може да биде шест-брзински мануелен или деветстепен автоматски.


Интерес предизвикува набилданата верзија Mercedes-AMG SLC 43 со битурбо V6 со зафатнина од 3,0 литри. Моќноста е 367 коњски сили, а максималниот вртежен момент е 520 Nm. Максималната брзина е стандардно електронски ограничена на 250 km/h, a забрзувањето од 0 до 100 km/h е 4.6 секунди.



- Реклама -