Серена и Кербер за финале на Австралијан

serenaaaa

Серена Вилиамс, буквално ја збриша Агњешка Радванска во полуфиналето на првиот Гренд Слем оваа година за еден час игра. Првиот сет го освои без загубен гем (6-0), и изгледаше како некој меч од првото коло каде таа рутински ги освојува гемовите. Во вториот сет Радванска делуваше дека ќе се врати во мечот, по неколкуте грешки на Серена Вилијамс. На почетокот на вториот сет, публикта се радуваше на секој освоен гем на Радванска, како да освоила сет. Но сепак и со поддршката на публиката не можеше да ги запре снажните удари на многу подобрата Серена.

Серена Вилијамс во финалето ќе ги одмери силите со Анџелика Кербер која беше поуспешна од Британката Јохана Конта.

Инаку, доколку Серена го освои и овој (7-ми Австралијан Опен), ќе се израмни со Штефи Граф во вкупно освоени ГС титули и ќе дојде на само две од Вечната шампионка Маргарет Корт, која има 24.

Последниот гем за Серена… како Иванишевиќ на времето.

- Реклама -