Овој мал стан, кој се наоѓа во лондонскиот кварт Јужен Кенсингтон, е целосно реконструиран од Studio Keir Townsend. За време на реконструкција на живеалиште се срушени неколку ѕидови, со цел да се ослободи повеќе простор.
Станот располага со една заедничка просторија која вклучува кујна, трпезарија и дневна соба, и две одделни простории – за спалната соба и за бањата. Внатрешноста вклучува луксузен мебел и палета на лесни неутрални нијанси, кои додаваат кон стилското и пријатно доживување.
Чувството за луксуз се зајакнува и од дизајнот на бањата, каде е поставен оригинален мијалник со LED осветлување.