Дмитриј Непомнешциј се запознава со својата сопруга Олга Папугаева во 1991 година во уметничкото училиште “В. А. Серова” во Петербург. Од тогаш двајцата не само што се партнери во животот, туку и во ликовната уметност. Тие се познати како едни од најдобрите илустратори на детски книги во Русија, а нивните слики добија комерцијална слава откако излегоа на неколку сајтови низ светот.
Инспирирани од нивната работа, најдобрите ги собравме во една онлајн сликовница во прилог. Уживајте во работата на талентираните уметници.