А ИМААТ ЛИ ДЕЦАВА ДРУГИ ИДОЛИ?

Ракометот е спорт кој секоја година, таму некаде во Јануари,не врзува пред ТВ мониторите, и како публика сме дел од големите напревари. Дали биле Светски или Европски првенства, нашите ракометари, а и ние, сме таму. Веќе неколку години, тие се редовно постројани во прегратка на мегданот, и издишно од срце ја пеат нашата химна. Дали забележале победа, дали загубиле, дали одиграле добро или лошо, тоа е најмакедонската селекција во било кој спорт која некогаш сме ја имале од нашето осамостојување. А да се биде редовно во топ 10 на големите наптреварувања, колку и да звучи прескромно, не е мала работа. Посебно за мала држава како нашата. Она што фудбалерите можат да го сонуваат у наредниве 20-30 години. Они ќе ја немаат таа шанса уште долго, да бидат испцуени и искритикувани за некоја лоша игра на голем турнир. A имаме толку гладни за пцуење и хејтање, јазк…

У време кога нашето општество клекна на политика, на поделби, на делење етикети, кога негативните ликови ни го разјебаваат животот, ракометарите се најпогрешното место каде ние би требале да ја исфрламе негативната енергија која другите ни ја вбризгуваат. Сме се запрашале ли, кога последен пат ни заиграла душата и кога нешто не раздвижило, а тоа да не е негативен набој кој како код, пробуваат да ни го начукаат моќните елити, во нивните бесконечни и нечовечки битки за власт?

Спортистите се можеби единствените позитивни ликови во нашето опркужување и нив треба да ги почитуваме до небото и земјата. Кире, Дејан, Столе, Гоце и сите останати се фацките на кои треба да се огледаат нашите деца и ние повозрасните. Од нив може да се научи дека битките во животот не мора да се сведуваат на битка на живот и смрт, на битки кои не тераат да излегуваме од човечка рамка и постојано некого да мразиме. Во овие битки господа, и после поразот, сите сме на број. Лузни по телото и душата не треба да носиме. Се подава раката и фураме даље….

Она што оваа генерација ракометари го заслужува како круна на едно долгогодишно заедништво и сплотеност е учество на една Олимпијада. Рио е далеку но и блиску. Ако е кармата праведна, таа тоа ќе им го подари на овие момци. Ако таа беше неправедна кон еден великан како Стевче Алушевски, верувам ќе биде праведна кон Кире, Миркуловски, Столе и останатите. Оние кои се на залезот од кариерата гризаат со подеднаков жар од оние кои допрва почнуваат. Тоа се играчите кои за својот национален тим вложуваат многу повеќе емоција и напор, отколку во своите матични клубови. Тоа се луѓето кои поставија дефиниција и рамка, како во иднина да се сака и цени националниот тим. Барем кога е ракометот во прашање. Другите нека учат од нив.
Тоа се нашите јунаци, кои нашите деца ги облекоа во дресовите со нивните имиња. Кои ги натераа децата да имаат свои позитивни херои. Наши, македонски. Ние како навивачи сакаме победи, не помалку од самите ракометари. Но ние правите навивачи, ќе им ја подадеме раката на нашите и кога нема да успеат. Тоа јас го разбирам како безусловна и иксрена љубов. Тие не задолжија премногу и од нас таква љубов заслужуваат….

ПИШУВА: БУЛЕВАРКО

- Реклама -