Вистинскиот повратник зад ликот на Леонардо

Oткако откривме кој стои зад ликот на мечката, денеска откриваме кој стои зад историскиот лик на Леонардо ди Каприо во најголемиот претендент за Оскар, The Revenant.

leo

Оние кои веќе го изгледаа филмот знаат дека Леонардо ја толкува улогата на Хју Глас – трапер, ловец и трговец на кожи, кој презема мисија за одмазда, откако е напуштен од своите и осуден на смрт.

Хју Глас е реален лик кој одиграл клучна улога во експанзијата на трговијата со кожи на Запад, и соодветно за бизнисот со во поголем дел од Америка.

Високата трговија со крзно е движечка сила на развојот на Америка, објаснува Ерик Џеј во хрониката “Богатство и империја: епската историја на трговијата со крзно во Америка”.

Кога Томас Џеферсон ги испраќа Луис и Кларк на нивната експедиција во 1804 година да го истражуваат земјиштето, кое тој го има стекнато при купувањето на Луизијана, две од целите му се да открие: 1) какви стоки би прифатиле Индијанците во замена за кожи, и 2) дали може да се отвори целосно воден пат меѓу Пацификот и трговските станици на реката Мисури.

Планинците

Луис и Кларк не успеале да пронајдат таков пат. Наместо тоа тие паѓаат на Карпестите Планини, што доведува до подемот на нов тип трговци на кожи: планинците.

Само околу неколку илјади луѓе го преземат овој ризичен пат.

Нивното постоење е диво и исполнето со насилство, бара апсолутно потпирање единствено на себе, но има и свој шмек. Планинците ги поминуваат есента и пролетта во обложување на стапици, а – зимите во кампување. Често се движат во групи, заедно со сопругите и семејствата. На лето ја продаваат својата стока на состаноци, каде често пијат и се коцкаат.

Меѓу повеќето беспомошни планинци се слободните трапери

Наместо да склучуваат договор со компанија за кожи, која ќе ги снабдува со обезбедување и плата во замена за целата стока, овие трговци дејствуваат сами. Тие ги преземале сите ризици околу патувањето, користејќи сопствени коњи, оружје и опрема, и ги продаваат кожите на оној кој ќе понуди најмногу.

Според планинецот Џозеф Мијк, слободните трговци “се движат на патиштата, кои ги сметаат за соодветни, ловеле и поставувале стапици каде и кога ќе одлучат; тие тргувале со Индијанците … се облекувале демонстративно, и обично имале индијанка сопруга”

Глас станува претставник на слободните трговци

На крајот на 20-тите години на XIX век, Њујоркчанецот Џон Џејкоб Астор – највлијателен трговец на кожи во светот – пројавува интерес кон експанзија на запад. Глас го убедува неговиот претставник Кенет Мекензи дека во Карпестите планини има луѓе кои се подготвени да тргуваат со компанијата на Астор.

“Мекензи нема потреба од дополнително убедување”.

“Во 1829 American Fur Company, под притисок на Мекензи, испраќа група трапери и стока во планините. Астор конечно влегува во трговијата во Карпестите планини.”

Но пред Глас да остане во историјата како портпарол на слободните трговци, тој се претвора во легендарниот планинец – и токму затоа го гледаме во “Повратникот”.

Судирот со мечката

Планинците биле “принудени да се соочат со свет на беззаконие во кој насилството е насекаде.” Тешко е да се замисли нешто да ги исплаши – освен евентуално гризли мечка. Слично на начинот на кој сурферите во наши денови нарекуваат ајкули “човекот во сив костум,” траперите ги нарекувале гризлите “стариот Ефраим”.

Во 1823 година Глас се среќава со стариот Ефраим – и оваа средба го прави еден од најпознатите планинци. Тој веќе поминува низ тешко патување, откако бил застрелан во борба со племето арикара на бреговите на реката Мисури.

Загубата ја тера траперската дружина на Глас да се раздели, а Глас се приклучува кон група коњаници, кои се насочиле на запад на копно.

Тој оди на лов пред групата, во долината на Гранд Ривер, во сегашна Јужна Дакота. Таму се соочува со женска гризли мечка со мали мечки. Пред Глас да успее да ја подготви пушката, мечката го гребе, го зграпчува за грлото и рамото, удирајќи го во земјата и “откинува парче од неговото тело, по што се враќа за да ги нахрани со него мечињата.”

Колегите на Глас пристигнуваат на време, за да ја убијат мечката, но самиот Глас е тешко ранет, со бројни лузни и крвари обилно. Возачот на групата – трговецот и основач на Rocky Mountain Fur Company, Ендрју Хенри, решава дека пренесувањето на Глас е невозможна мисија.

Тој им нуди награда на двајца мажи – шумскиот ветеран Џон Фицџералд и 19-годишно момче по име Џејмс Бриџер – да бдеат над ловецот додека тој умре, и да го погребаат.

Оставен да умре

Хју Глас сепак не сака да умре. По пет дена мажите го напуштаат, земајќи ги неговата секира, нож, кремен и неговата сакана ловечка пушка, практично лишувајќи го од секаква надеж за опстанок. Тие се враќаат кај групата и лажат дека Глас умрел и бил погребан.

Во меѓувреме Глас почнува да ги повраќа силите. Тој бере овошје, јаде инсекти, пие изворска вода за најмалку 10 дена. Конечно доаѓа до глутница волци, кои кинат мал бизон, и успева да ги истера од пленот. Напојуван со протеини од бизонот и управуван од желбата за одмазда, Глас успева да дојде до најблиската комерцијална станица – на повеќе од 500 километри од местото каде што бил напуштен – и продолжува напред во гонење на оние кои го напуштиле.

Внимание, спојлери

По уште неколку напади Глас конечно го наоѓа војникот Фицџералд (едниот од мажите кои го оставиле да умре). Глас знае дека казната при посегање против војник ќе биде сурова – па разговара со командантот на единицата на Фицџералд, ја добива назад украдената пушка, и продолжува напред.

Некои би рекле дека најголемиот завет на Глас е оној кон кој не се придржувале авторите на “Враќањето”.

“Не само што Хју направил нешто големо – се вратил назад до безбедно место, откако речиси бил убиен, но и откако разбрал кој го напуштил. Тој ги брка, ги фаќа – и потоа … ги остава живи “, вели Фредерик Манфред, покојниот автор на биографскиот роман од 1954 ” Лорд гризли “.

“Тоа е постапката која го поставила повисоко од Ахил. Всушност Хју Глас го исполнил херојскиот подвиг апсолутно сам”.

- Реклама -