Мировните преговори за Сирија беа одложени пред да започнат во Женева – “за неколку дена”.
Раздорот во сириската опозиција кои лидери да ја претставуваат на меѓународниот форум се наведува како причина за доцнењето. Според извори од Обединетите Нации (ОН) станува збор за “технички причини”.
Незадоволството настана поради изборот на Мохамед Алуш од политичкото крило на бунтовничката група “Џаиш ал Ислам” (“Армија на исламот”) за лидер на опозициската коалиција. “Џаиш ал Ислам” сепак е организација поврзана со Саудиска Арабија и умерената опозиција ја смета за премногу радикална.
Подоцна денеска специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стефан ди Мистура ќе го претстави пред новинарите текот на претстојните разговори. Можно е тој да покани две групи противници на режимот во Дамаск.
Самиот Алуш тврди дека нема да преговара, додека воените дејствија не запрат и владата не ја укине блокадата врз бунтовничките градови. Тој инсистира и за ослободување на политичките затвореници. Алуш се пожали дека му е вршен притисок од САД, особено од државниот секретар Џон Кери, да не ги бојкотира преговорите за мир во Женева.
Државниот секретар на САД, Џон Кери се очекува до 24-48 часа да има јасност. Други дипломати зборуваат за разврска “не порано од среда”.
Женевските преговори се огромни шанси за крај на 5-годишната крвава војна која траеше 250 000 животи и предизвика бегалска криза каква што светот не видел со децении.
Според последната резолуција на Советот за безбедност на ОН, до 6 месеци од почетокот на преговорите треба да се состави преодна влада, да се започне со подготовки за изготвување на нов Устав и до 18 месеци потоа да се одржат слободни избори.
Јаболкото на радзор е дали сирискиот претседател Башар ал-Асад да учествува во преодниот процес. Опозициската Сириска национална коалиција, поддржана од Запад, инсистира Асад да се повлече безусловно, додека Москва го брани ставот дека без него транзицијата не може да се оствари. Самиот Асад исто одбива да се повлече.
Претходно потпретседателот на САД, Џо Бајден предупреди дека со Турција -двете најсилни армии во НАТО, имаат воено решение на кризата во Сирија, ако политичките преговори за мир пропаднат.