Светски популарниот мјузикл “Мама миа” ќе биде прикажан пред македонската публика на 11 март, во изведба на познатиот белградски театар “Позориште на Теразијама”.
Мјузиклот “Мама миа” е еден од најпознатите наслови на џубокс мјузикл жанрот, на кој сите сонгови се најголемите хитови на шведската група “Аба”. Од светската премиера во Лондон, овој мјузикл досега е изведуван во 40 земји, а го погледнале 50 милиони луѓе. Организатор на настанот во Скопје е “Теди медиа груп”. Од таму велат дека дополнително ќе се објават информации за продажбата и цената на билетите.
Локален копродуцент на овој мјузикл е познатиот скијач и олимпиец Јуре Франко, кој чекаше шест години за добивање на лиценцата за територијата на поранешна Југославија. По Белград, “Мама миа” доби свои верзии во Загреб и во Љубљана, а на 11 март за прв пат доаѓа и пред македонската публика.