Првото училиште за програмери на Apple

2928873-iphone6

Калифорниската компанија Apple ќе го отвори првото училиште во Европа за програмери.

“Јаболкото” на Тим Кук веќе работи со партнерските компании во Италија, за да го отвори своето прво европско училиште во Неапол.

Со отворањето на ваков центар на Стариот континент, Apple тврди дека може да отвори до 1.2 милиони работни места, додека само во Италија бројот на вработени ќе изнесува над 75 илјади.

Планот на Apple е да ги покори не само италијанските програмери, туку да отвори уште неколку слични центри низ Европа.

- Реклама -