Немој Канје, те молам немој!

Илјадници потписи собира петицијата на интернет против раперот Канје Вест, откако се појави гласина дека тој ќе сними посебен албум во чест на покојниот Дејвид Боуви. Според американските таблоиди Канје Вест подготвува селекција со најпознатите песни создадени од британската музичка легенда .

kanje

Ваквата информација благо кажано ги шокираше фановите на Боуви кои останаа навредени од намерата на раперот.

„Боуви е еден од најважните музичари на 20-ти и 21-ви век. Ќе биде сквернавење, ако тоа наследство се обезличи од Канје Вест “, гласи петицијата која само првиот ден ја поддржаа 5.000 лица.

Искуството да биде Фреди

Ова не е прв потег на публиката против Вест. Лани над 100 000 лица се вклучија против негово учевство на митскиот Гластенбери – најголемиот музички фестивал во светот.

Организаторите тогаш воопшто не беа трогнати и одговорија дека симболичен протест ја покажува темната страна на интернетот.

Само што Вест го докажа спротивното. Тој се обиде да ја испее класиката Bohemian Rhapsody на Queen, и неговата изведба стана вирална сензација и беше опишана како катастрофа. Малкумина можат да влезат во чевлите на големиот Фреди Меркјури, но експериментот на Канје беше направен со сериозна доза надменост што му навлече исвиркување и потсмев.

Новиот Боуви или не?

Самоуверениот рапер, кој самиот се смета за најголем жив уметник на планетата, го опиша Боуви како “еден од најголемите инспиратори”. Засега Вест не коментирал јавно ниту за албумот, ниту за петицијата.

„Канје Вест сака да го зачува делото и името на Дејвид Боуви како музички иноватор. Тој тврди дека светлината од огнот му се предала нему “, вели извор за американските медиуми.

Во меѓувреме, медиумите се зафатија да дискутираат дали скандалозниот рапер со рекордни 21 награди “Греми” и сопруг на риалити ѕвездата Ким Кардашијан може да се закичи со титулата “новиот Дејвид Боуви”.

„Можеби Вест не е талентиран како Боуви. Можеби неговото наследство нема да биде толку големо, но тој е единствениот мејнстрим изведувач денес, кој може да си дозволи да преземе такви ризици “, коментираат од Guardian.

Според весникот, иако на прв поглед изгледа дека двајцата немаат ништо заедничко – и како стил, и како квалитет на музиката, всушност способноста на Вест да ги иритира луѓето одговара на начинот на кој слободниот, бисексуалец, вечно трансформациски Боуви го шокираше општеството пред неколку децении.

Фактите зборуваат убедливо – еден од најпродаваните музички изведувачи, американскиот рапер може да си дозволи да го преземе ризикот од неуспешен албум. Неговото влијание, популарност и значење немаат ривал во музичкиот бизнис.

- Реклама -